Се величаат српски песни со текстови и спотови со проститутки, дрога и оружје, а нашата музика „кој ја врти“

Музиката е движечка сила на луѓето, таа смирува, предизвикува убави мисли, нè врзува со спомени од минатото, детството, понекогаш некоја песна може да нè врати во некој момент и буквално да ни предизвика чувство дека повторно го преживуваме тој момент.

Fotse-velichaat-srpski-pesni-so-tekstovi-i-spotovi-so-prostitutki-droga-i-oruzhje-a-nashata-muzika-koj-ja-vrti-01Jet.jpg

Порано (пред 20-тина години) некако многу повеќе си ја слушавме нашата македонска музика.

Независно дали се работеше за поп, рок или фолк музика, евергрини или староградски песни, луѓето многу почесто слушаа македонска музика, песните се пуштаа во кафеани, кафулиња, во дискотеки се пуштаа ремикси од наши поп изведувачи, имаше еден куп фестивали каде се правеше своевидна промоција на нашите изведувачи и песни.

За вкусови не се дискутира и апсолутно го почитувам тоа. Секој може да слуша што сака и да ужива во тоа што му годи на уво. НО...

Лично, сметам дека последниве 2 децении почнавме (веројатно несвесно) да ја занемаруваме нашата македонска музика и да претпочитаме да слушаме странска музика и музика од балканските простори.

Едно време беше неверојатен хит сите девојчиња да пеат на цел глас хитови од бугарски пејачки, фала Богу, пола не ни знаеја што пеат, ама битно журките беа со музика од Планета Паинер.

tekstovi-i-spotovi-so-prostitutki-droga-alkohol-i-oruzje-a-nashata-muzika-koj-ja-vrti-02.jpg

Имајќи го предвид нашето минато како дел од Југославија, не ми е чудно што екс ју хитови и ден денес се пеат, но тоа беше прилично поквалитетна музика од ова што сега се слуша...

Не велам дека сега нема квалитетна музика од балканските простори, напротив, ама младиве се залетаа со рап/трап/фолк музичари, рапери кои рецитираат и потпевнуваат на музика со заразен ритам, ама затоа текстовите им се чувај Боже.

Кога начекав неколку спотови и песни, мајко мила, тоа е буквално речиси промоција на дрога, алкохол, проститутки, во секоја песна се спомнуваат евтини жени, имиња на алкохолни пијалоци, задолжително бесни коли, дрога и опојни супстанци, оружје и гениталии.

За жал, тоа го слушаат и гледааат и помали деца, имајќи предвид дека тие спотови и песни се вртат по телевизии 24/7, но и лесно се достапни на социјалните мрежи.

Кога ќе направам споредба со нашата музика, разликата е огромна. Нашите пејачи и пејачки пласираат далеку повисок квалитет на музика и текст, и ми се чини дека квалитативно македонските изведувачи се на многу повисоко ниво од останатите кои младинава на големо ги слуша и се угледува на нив, а што е најлошо, нашиве млади влегуваат во некој „гангстерски филм“ гледајќи ги тие спотови.

И спотовите ни се попристојни и песните ни се со соодветен текст.

tekstovi-i-spotovi-so-prostitutki-droga-alkohol-i-oruzje-a-nashata-muzika-koj-ja-vrti-03.jpg

Ја анализирав ситуацијата зошто е тоа така и сфатив дека проблемот е во повеќе фактори, меѓу кои најголемиот проблем го гледам во менталитетот на народот - туѓото е секогаш подобро, потоа во незаинтересираноста на нашите аудиовизуелни медиуми да прават саглам промоција на нашата музика, како и недостатокот од телевизиски медиуми кои би биле исклучиво за македонска музика.

Србија или Бугарија имаат еден куп телевизиски и радио канали кои емитуваат нивна музика. Кај нас само вести, политички дебати, кулинарски шоуа, турски серии и задолжително по некое реално шоу, полно со разврат и глупости.

На времето и кај нас имаше еден, два канали со македонска музика, ама замреа. Никој не ги финансира, поевтино изгледа им е да се уклучиме сите на Гранд и Пинк и терај брате.

Искрено, неприфатливо ми е нашите изведувачи да се препознаени и ценети во странство, а овде да ги занемаруваме.

Би било супер кога би сфатиле дека Македонија „врие“ од таленти и дека нашите пејачи прават топ музика, со ужасен маркетинг. Но, да не сум толку песимист, можеби нешто конечно ќе се смени во блиска иднина...

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Кара | Црнобело / фото: depositphotos.com 

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
Не можете да исплашите жена која научила да се бори сама Кога жената ќе научи да се бори сама, не зборуваме за физичка сила, туку за мент...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg