„Денес ќерка ми си дојде со насолзени очи. Хулахопките ѝ биле малку скинати и некое друго девојче ѝ рекло – зошто имаш скинати хулахопки, дома сиромашни сте?“ - Ова, за жал, се вистински сведоштва од нашето секојдневие. Помислете само, на еден момент, како им е на тие деца што немаат толку многу и како им е на тие родители што ги пуштаат децата на училиште со 50 денари во џебот? Немате време, знам...