„Многу сум фрустрирана – бабата му купува сè на моето дете, не сака да ме послуша“
„Погрешно ли е што сум фрустрирана што мојата мајка му купува разни глупости на моето дете? Чувствувам како и бременоста да ми се вртеше околу неа, а не околу мене и само се согласував со сè што ќе каже само за да биде среќна и сега се каам за тоа...“
На форумот за мајки „Mommit“ жена се пожали дека во секоја можна пригода бабата му купува разни работи на нејзиното дете, а неа тоа ја вади од такт.
Таа вели дека дури ѝ кога ѝ дава совет на бабата што му е потребно, а што не на нејзиното дете, таа не прифаќа.
„Погрешно ли е што сум фрустрирана што мојата мајка му купува разни глупости на моето дете? Знам дека е возбудена што е баба за првпат, но се растажувам кога гледам дека купува работи, кои сметам дека не се соодветни за него.“
Мајката вели дека проблемот е што нејзиниот дом е преполн со несакани работи, кои никогаш нема да ги користи.
„Знам дека мисли добро и не сакам да ѝ ги повредам чувствата, но здодеано ми е да трупам глупости. Плус, сакам сама да си ги бирам работите за моето дете.
Чувствувам како и бременоста да ми се вртеше околу неа, а не околу мене и само се согласував со сè што ќе каже само за да биде среќна и сега се каам за тоа.“
Што мислите вие за ова? Сте се нашле ли во ваква ситуација.
Дел од одгворите кои ги доби оваа мајка на „ Mommit“:
„Не грешиш и јас да сум на твое место воопшто нема да ги прифатам работите.“
„Можеш да ѝ дадеш сугестија околу работите кои ти се потребни и каква боја би сакала да бидат.“
Што мислите вие за оваа ситуација?
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com