Се сеќавам на маалото од моето детство – Си игравме на неасфалтираната улица, се криевме во гаражата на соседот

Кога сега ќе погледнам што сè е останато од моето маало, се запрашувам дали станува збор за истите луѓе со кои некогаш израснав. Некој од нив е во странство, многумина оженети/омажени, некои и разведени... Со некои сум сè уште во контакт, со други си честитаме само родендени и празници, а со некого едвај и да си кажуваме здраво кога ќе се видиме на улица...

se sekavash li na maaloto od tvoeto detstvo na sosedite na igrite na momentite sto te podgotvija za zivot 11

Пред неколку недели налетав на една стара фотографија од нашата семејна куќа, фотографирана на крајот во деведесеттите. Ја анализирав добри десеттина минути, пробувајќи да го оживеам и почувствувам секој детаљ што беше замрзнат на фотографијата. Немаше сомнение, маалото од моето детство скоро и да немаше допирна точка со она што сега е останато. Тогаш добив желба барем во моите спомени да го оживеам тој простор што изобилуваше со љубов, радост, игра и пријателство. Тоа соседство што истовремено беше и учител што ме подготвуваше за живот.

Сега, ако ништо друго, ќе пробам да реконструирам една временска рамка од тој носталгичен период. Ќе пробам веродостојно да ја пренесам улицата од моето детство, а со тоа можеби ќе ве мотивирам и вас, и вие да го сторите истото.

se sekavash li na maaloto od tvoeto detstvo na sosedite na igrite na momentite sto te podgotvija za zivot 9

Живеев во куќа на два ката, заедно со татко ми, мајка ми и брат ми. Задниот двор секогаш го користевме за дружби со најблиските членови на фамилијата, а во предниот двор си игравме со маалските деца и за време на лето јадевме лубеница.

se sekavash li na maaloto od tvoeto detstvo na sosedite na igrite na momentite sto te podgotvija za zivot 7

Одма до нашата куќа живееја Војдан и Станислава, кои беа две-три години постари од мене. Во дворот, покрај импровизираната гаража, имаа старо стебло од дрво кое нам ни претставуваше расипан заб, па честопати замислувавме дека сме заболекари и вршевме интервенција врз него.

Во подрумот од нивната куќа, татко им имаше архива на стари списанија и весници, па кога бевме на гости кај нив знаевме со часови да ги прелистуваме старите страници кои мирисаа на влага.

se sekavash li na maaloto od tvoeto detstvo na sosedite na igrite na momentite sto te podgotvija za zivot 6

Токму пред нашите две куќи имаше голема ширинка, на тогаш неасфалтираната улица. Тука ги игравме сите игри, почнувајќи од скриен план, џамлии, фудбал, па сè до градење шатори во кои се пикавме на жешките пладниња.

На десеттина метри подалеку се наоѓаше гаражата на чичко Мицко, која беше почетната точка за сите криенки.

se sekavash li na maaloto od tvoeto detstvo na sosedite na igrite na momentite sto te podgotvija za zivot 5

Во куќата на двете сестри, Марија и Христи, најчесто гледавме филмови. Некој нивен роднина беше сопственик на видеотека, па цело време им носеше различни филмови за гледање.

Ние најмногу сакавме да гледаме хорор филмови, девојчињата скоро сите до една се преплашуваа и после не можеа да спијат со денови.

se sekavash li na maaloto od tvoeto detstvo na sosedite na igrite na momentite sto te podgotvija za zivot 4

До нивната куќа се наоѓаше куќата на баба Живка, која живееше сама, а трите ќерки и внуците редовно ја посетуваа. Често нè праќаше до продавница и ни велеше од кусурот да си се почестиме нешто. Најчесто тоа беа мастики, лижавчиња или чоколадни банани.  

Ќе ја спомнам и куќата на браќата Горазд и Невен, кои први во маало купија компјутер. Токму кај нив поминувавме часови и часови играње на видео-игри и организирање на различни турнири.

Кога ќе претеравме, мајка им често нè прекоруваше да излеземе надвор, зашто ако сме седеле сè во соба со спуштени ролетни ќе сме се претвориле во вампири.

se sekavash li na maaloto od tvoeto detstvo na sosedite na igrite na momentite sto te podgotvija za zivot 3

Во моето маало немаше згради, но затоа имаше уште многу куќи во кои живееја деца. Со некои одевме во исто училиште, со некои се гледавме само на сокак, со други војувавме зашто беа од соседното маало...

se sekavash li na maaloto od tvoeto detstvo na sosedite na igrite na momentite sto te podgotvija za zivot 8

На пример, кога ќе паднеше снег сите ги изнесувавме санките и никој на никого не му беше лут. Истото важеше и за Велигден, кога се тегневме од една до друга куќа, собирајќи јајца, но пред сè бевме заинтересирани за парите и на крај секое од децата си купуваше нешто за себе. Јас тие пари ги трошев за видеоигри.

se sekavash li na maaloto od tvoeto detstvo na sosedite na igrite na momentite sto te podgotvija za zivot 2

Сега кога ќе погледнам што сè е останато од моето маало се запрашувам дали станува збор за истите луѓе со кои некогаш израснав. Некој од нив е во странство, многумина оженети/омажени, некои и разведени... Со некои сум сè уште во контакт, со други си честитаме само родендени и празници, а со некого едвај и да си кажуваме здраво кога ќе се видиме на улица.

se sekavash li na maaloto od tvoeto detstvo na sosedite na igrite na momentite sto te podgotvija za zivot 1

Но, тоа е животот. Од некои те оддалечува, со други те зближува. Без разлика на сè, кога и да помислам на моето маало секогаш ми се појавуваат тие години на детска невиност и палавост, која ја будат сета носталгија во мене.

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 Е. Х. | Црнобело / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg