Ај молчи, барем мажот не те тепа, не е некој алкохоличaр или коцкар - остај ти романтика

aj-molchi-barem-mazhot-ne-te-tepa-ne-e-nekoj-alkoholichr-ili-kockar-ostaj-ti-romantika-01.jpg

Ај молчи.

Ај молчи, барем свекрвата ти помага, што ако ти се меша во бракот.

Ај молчи, барем мажот не те тепа, не е некој алкохоличр или коцкар, остај ти романтика.

Ај молчи, барем плата земаш редовно.

Ај молчи што ако детето игра видео игри по цел ден, замисли да беше во лошо друштво и да се пијанчеше.

Ај молчи, каква преселба во странство, истрпи малку.

Ај молчи, што ако те боли душата, подобро тоа отколку да имаш сериозна болест.

Ај, молчи.

Ај, молчи.

Ај, молчи.

И биди тажна, незадоволна, огорчена, уморна, замолчана и со кнедла во грлото.

Престани да си го споредуваш животот само со оние на кои им е полошо.

Да, може да биде полошо.

Но, може дефинитивно да биде и подобро.

А подобро ќе биде, само кога ќе престанеш да молчиш.

Вресни убаво, на глас, растерај ги облаците, помести планини, но не молчи, кажи си што те мачи и не ти се допаѓа.

Може да биде подобро и ќе биде подобро.

Ќе почувствуваш дека е подобро, кога ќе престанеш да ги забележуваш туѓите животи толку многу бидејќи ќе имаш толку многу убаво во твојот.

И тоа знаеш зошто?

Затоа што не молчиш.

Извор: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
За мажот кој ѝ ја стискаше раката на хемотерапија (и го посакав за свој) Седеше тој со часови и со растреперен глас знаеше да ме праша: „Ќе биде ли таа д...
Кратка емотивна приказна: За љубов не се потребни пари Мажот и жената, иако сиромашни, ја покажале љубовта во најтешките моменти и го п...
Девојче е претепано од врснички – Ова се генерации на изгубени деца, „испуштени од рацете“ на родите... Вознемирувачко видео се прошири на социјалните мрежи и медиуми, во чиј опис пишу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg