Приказната за осамената жена, која си нашла другарки и си живеела среќно до крајот на животот
Си била една Осамена жена, била вдовица и имала 68 години...
Првата година по смртта на сопругот бесцелно кружела низ големиот стан, размислувала за смртта и немала волја за живот.
Иако имала дијабетес, одлучила да јаде колачи и сладолед во прекумерни количини. Сакала да си наштети, но времето минувало, а таа не можела да умре, морала да живее.
Нејзиниот син со семејството живеел во друга земја со години. Снаата си ја имала видено вкупно трипати, а внуката петпати.
Можела да отиде да живее кај нив, ја викале, но не сакала, тоа ѝ било туѓ свет, туѓ јазик ѝ изгледало полошо од смртта.
„Омажи се повторно. Не можеш да живееш сама“, ја советувале пријателите и постојано ја запознавале со разни постари мажи, а секој еден од нив ѝ предизвикувал исто чувство – мачнини во стомакот и нагон за повраќање.
Сепак, осаменоста била неподнослива.
И еден ден таа одлучила на својот Фејсбук профил да објави повик: „Поканувам постара, осамена жена да живееме заедно.“
Оттогаш, веќе 8 години Осамената жена повеќе не е осамена, а животот ѝ изгледа како празник и прослава секој ден.
Три постари, ведри госпоѓи го слават своето постоење.
Ги здружија своите животи, своите пензии, своите интереси.
Поседуваат автомобил, викендичка и добар бизнис со изнајмување на недвижнини.
Живеат заедно, се шетаат по паркови, пливаат во базени, одат на кино, театар, изложби, концерти.
Секаде се добредојдени гостинки и двапати годишно одат на одмори во најдобрите ресорти на разни егзотични дестинации низ светот.
И најдобро од сè е што уште се немаат скарано.
Извор: Фејсбук / фото: depositphotos.com