Вирален Фејсбук статус: Цени до плафон? Паричникот празен? Малку ни е, затоа што нивите ги заборавивме, никој не работи, а сите в кафеана
„Нивите ги заборавивме, стока никој не чува, тепсиите, сукалките, тенџерињата се луксуз в кујна! Манџа, грав, пециво, леб месен! Уф, Бог да чува - кичерај! Интернетот се „усфити“, телефоните горат, а празните ѕидови дома молчат! Сите сме селфи со насмевки изглумени!“, гласи виралната објава на Оливера Ширговска.
На социјалните мрежи кружи вирален статус за моменталната ситуација во Македонија, кој нè тера да се подзамислиме.
Дали навистина е така?
Виралната објава на Оливера Ширговска гласи:
Цени до плафон? Паричникот празен?
Малку еее!
Треба уште повеќе!
Нивите ги заборавивме, стока никој не чува, тепсиите, сукалките, тенџерињата се луксуз в кујна!
Манџа, грав, пециво, леб месен!
Уф, Бог да чува - кичерај!
Ете затоа!
Што никој ништо не работи, а сите в кафеана!
Машко, женско, младо и старо!
Интернетот се „усфити“, телефоните горат, а празните ѕидови дома молчат!
Сите сме селфи со насмевки изглумени!
За Оскар уште малку ќе стасаме!
Порано мирисаше на лепешки, прашина и кал, но сите бевме среќни , сите бевме исто!
Сега мириса на парфем, лицемерие и злоба! Имаше вирус и тој сиротиот се откажа од нас вакви какви што сме!
Еден ден ќе гледаме празни рафтови, празни улици и празни срца!
И не ни треба војна!
Ќе ни убие тишината и тагата!
Малку е за нас бидејќи... на тој што работи, му се смеат!
На тој што ја копа нивата, му завидуваат место да му помогнат!
На тој што учи, му се чудат, бил глуп!
На тој што создава, му лицемерат!
И знаете кој е најопасниот вирус?
Користа, лицемерието, зависта и лагата!
Од нив и чумата бега, а ние сме опседнати!
Извор: Фејсбук / фото: depositphotos.com