Имам мали гробишта со луѓе кои некогаш ми беа драги (тие не умреа, но за мене се мртви)
Имам мали гробишта со луѓе кои некогаш ми беа многу драги. Тие не умреа навистина, но за мене се мртви – засекогаш.
Таму „почива“ мојата другарка од средношклоските денови, која ме издаде, мојата прва љубов, која ме изневери и ми го скрши срцето...
Понекогаш во мислите шетам таму, застанувам крај нивните гробови, им положувам цвеќе или едноставно минувам покрај нив.
Тие гробишта се во мене и за нив никој не знае.
Не ме боли. Тие се мртви за мене, тие не знаат, но јас знам. Ги „погребав“ за да не ме повредуваат и навредуваат. За да нема лоши зборови и болни погледи, јас ги „погребав“ и за мртвите само најдобро.
Колку ти е некој поблизок, толку е потешко да го погребете.
Мене барем, тој не сака да ми излезе од главата и душата и морам секој ден одново и одново да го „погребувам“.
Ќе има најубав ковчег и цвеќе, но ќе мора да лежи во него, му се извинувам. Така јас ќе го имам својот мир и нема да ме боли.
Ќе плачам, нема да го заборавам, но за мене е мртов и јас ќе продолжам да живеам.
Извор: Фејсбук