Трчи-лажи мали бизниси во Македонија - ете од тоа си патиме!
Ако не си способен за мал бизнис, не води.
Нема потреба клиентите да страдаат.
Нема потреба вработените да страдаат.
Нема потреба да водиш импровизација од фирма.
Вработи си се некаде, чекај си 1-ви и не ѝ штети на околината.
Не може да пробиваш рокови.
Не може да не си го почитуваш зборот.
Не може некој да си го губи времето поради тебе.
Не може да револтираш со своето постоење на пазарот и неказнено да поминеш.
Во ред е.
Ќе кажат имаш право на избор.
Тргни се од него.
Ќе се тргнам јас.
Но, ќе се зезне некој друг на оваа импровизација од бизнис.
Ако не умееш да се изорганизираш, зошто воопшто се фаќаш на орото?
Не знам како функционираат малите компании во другите земји.
Но, јас би ги забранила со закон голем дел од оние кај нас.
За моите пари, како клиент или вработен, сакам услуга каква што ми е ветена.
Во рокот кој ми е ветен.
Со квалитетот кој ми е ветен.
Сè што нема капацитет да го понуди тоа треба да се забрани.
Мене еден мал „бизнис“ денес ми го расипа денот, не знам за вас...
Ви се случило ли?
Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com
С. С. | Црнобело