-->
-->


„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години во брак“

„Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. Не мораше да помине низ агонијата и болката да ме погребе, да остане сама по моето заминување. Јас ќе бидам тој што ќе помине низ тоа и му благодарам на Бога за тоа. Ја сакам толку многу, што не би сакал да страда“.

nokjta-koga-pochina-majka-mi-sfativ-shto-e-vistinska-ljubov-mi-pokazha-tatko-mi-so-kogo-beshe-55-godini-vo-brak-01.jpg

Моите родители беа во брак 55 години. Едно утро, мајка ми се симнуваше надолу по скалите за да му подготви појадок на тато, кога доживеа срцев удар и падна. Татко ми ја крена најдобро што можеше и ја однесе до автомобилот. Со полна брзина, без почитување на сигнализацијата на семафорите, ја одведе во болница.

Кога пристигна, таа за жал повеќе не беше со нас.

За време на погребот, татко ми не зборуваше; погледот му се изгуби. Едвај плачеше.

Таа вечер во домот му се придруживме и ние, неговите деца. Во атмосфера на болка и носталгија се потсетивме на убави анегдоти, а тој го замоли брат ми, теолог, да му каже каде ќе биде мама во тој момент. Брат ми почна да зборува за животот после смртта и да претпоставува како и каде ќе биде таа.

Татко ми внимателно слушаше. Одеднаш нè замоли да го одведеме на гробиштата.

„Тато! 11 ноќе е, не можеме да одиме на гробишта во моментов“, му одговоривме.

Со повишен тон и со втренчен поглед рече: „Не се расправајте со мене, ве молам не се расправајте со човекот кој штотуку ја загуби сопругата со која беше во брак 55 години“.

Имаше момент на молк од почит, веќе не се расправавме. Отидовме на гробиштата. Со батериска ламба стигнавме до нејзиниот гроб.

Татко ми седна, се молеше и им кажа на своите деца: „Поминавме заедно 55 години... знаете? Никој не може навистина да зборува за вистинска љубов ако не го завршил животот со некоја личност“.

Застана и си го избриша лицето.

nokjta-koga-pochina-majka-mi-sfativ-shto-e-vistinska-ljubov-mi-pokazha-tatko-mi-so-kogo-beshe-55-godini-vo-brak-08_copy.jpg

„Јас и таа бевме заедно и во добро и во лошо. Кога ја сменив работата, се спакувавме, ја продадовме куќата и се преселивме.

Се радувавме кога гледавме како нашите деца станаа родители, заедно тагувавме за заминувањето на најблиските, заедно се молевме во чекалната на некои болници, се поддржувавме еден со друг во болката, секој ден се гушкавме и си ги простувавме грешките“.

А потоа застана и додаде: „Деца, сето тоа го нема, но јас сум среќен вечерва. Знаете ли зошто сум среќен? Зашто таа замина пред мене.

Не мораше да помине низ агонијата и болката да ме погребе, да остане сама по моето заминување. Јас ќе бидам тој што ќе помине низ тоа и му благодарам на Бога за тоа. Ја сакам толку многу, што не би сакал да страда“.

Кога татко ми заврши со зборувањето, на мене и на моите браќа ни течеа солзи по лицето. Го прегрнавме, а тој нè утеши: „Во ред е. Можеме да си одиме дома. Денес беше добар ден“.

Таа ноќ сфатив што е вистинска љубов. Тоа е повеќе од само романтизам и секс, тоа се двајца луѓе кои стојат еден до друг, кои се посветени еден на друг, низ сето добро и лошо што ви го дава животот.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Илариа Кирилов за CRNOBELO лексикон: „Среќна сум што си купив автомобил од парите што сама ги зарабо... „Идол ми е мојата мајка. Иако некогаш бев своеглава сега можам да ѝ симнам шапка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg