Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки

Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека биде со добро вино“.

mali-mudrosti-na-koi-mozhe-da-ne-nauchat-samo-nashite-majki-01.jpg

Кому, ако не на нашите мајки, треба да сме им благодарни за тие мали мудрости што ги добиваме во текот на нашите животи...

Кога бев мала, мајка ми ми велеше: Не биди себична и споделувај сè со твоите пријатели, но секогаш имај на ум кој доаѓа кај тебе само за бонбони. Тој не ти е пријател“.

Кога си играв во песокот, мајка ми ми велеше: „Ако јадеш песок, нема да има место за сладолед“.

Додека одев на училиште, мајка ми ми велеше: „Учи дете за да го правиш тоа што сакаш, а не тоа што мораш“.

Кога ме запиша во музичко училиште, мајка ми ми рече: „Играњето во дворот ќе заврши за неколку години, но музичкото образование ќе ти остане засекогаш“.

Кога ме запиша на балет, мајка ми ми рече: „Не мора да станеш балерина, но правилното држење ќе ти даде карактер и 10cm висина“.

Мајка ми во младоста ми велеше: „Љубовта е прекрасна, но пред сè научи да се сакаш себеси“.

mali-mudrosti.jpg

Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека биде со добро вино“.

Кога плачев, мајка ми велеше: „Кого сожалуваш? Себеси? Извлечи заклучоци! Од останатото пред време ќе добиеш брчки“.

Кога се разведував, мајка ми ми рече: „Човечки е да се греши, но важно е да се исправат грешките. Сега мора да го фрлиш стариот капут и да купиш нов“.

Мама ми велеше: „Додека сум жива ќе се справиме со сè заедно, но еден ден ќе мораш без мене“.

Мајка ми цел живот ми велеше: „Не го давај последното што го имаш, не зависи. Давај го само она што можеш и сметај најмногу на себе“.

Знам дека не бев секогаш идеална ќерка, но мајка ми секогаш ми велеше: „Се гордеам со тебе, мое најдобро и најмило дете!“

Извор

Би можело да ве интересира:

„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg