Колку сум постара, толку повеќе сакам тишина, добри луѓе и едноставни рецепти

Колку сум постара, толку повеќе сакам тишина...

kolku-sum-postara-tolku-povekje-sakam-tishina-dobri-lugje-i-ednostavni-recepti-01.jpg

И тоа не само затоа што сум уморна од забави, туку затоа што сум жедна за квалитетен начин на живот.

Наместо врева и турканици, сакам да читам, да размислувам, да седам на брегот покрај морето, да шетам... И воопшто не ми е грижа за бесполезни разговори и неразумно трошење на енергија.

Колку што сум постара, толку повеќе им дозволувам на луѓето да зборуваат што сакаат.

Апсолутно им дозволувам да зборуваат за мојот живот.

Сфатив дека тие залудно си го губат времето, а не јас. Тоа нема никаква врска со мене.

Колку што сум постара, толку помалку се плашам дека ќе направам погрешен потег во животот и дека ќе изгубам работа, пријатели, љубов или нешто друго. Длабоко во себе верувам дека ми останува сè што ми е потребно.

Колку сум постара, толку помалку сакам сложени рецепти. Количината на состојки која надминува 5 веќе не ми е возбудлива. Како што се покажа, наједноставните јадења ми се највкусни и најздрави.

Колку сум постара, толку повеќе на пиедестал од карактерните црти кај луѓето ми е добрината.

Мене покрај добрите луѓе секогаш ми е топло и пријатно. Затоа што тоа се луѓе кои се вистински подготвени да те слушаат и да ја почувствуваат твојата болка.

Сакам добри луѓе затоа што чувствувам дека носат добрина во себе, а не зборуваат само дека се добри.

Сакам да не бидам под стрес дека ќе ме понижат или навредат. Знам дека со нив можам опуштено да зборувам, но и да молчам заедно.

Колку сум постара, толку повеќе сакам тишина...

Извор: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg