Мудра приказна: „Што ќе направиш ако имаш останато 365 денови од животот?“
Ова се 29.200 бонбони. Тоа што може да забележиш е дека еден ден претставува една бонбона, а вкупниот број е просечниот број на денови кои ќе ги живееш. Ако си среќен, ќе имаш многу повеќе бонбони во животот, нажалост, некои многу помалку, но просечно гледано, ова е времето кое го имаш во животот.
Првата бонбона е денот на твоето раѓање. Најважниот ден за тебе и твоите најблиски. Првата година е година на раст и развој, на осознавање, учење и многу љубов.
Веќе за момент, ти со твоите наполнети 18 години, потроши 6.570 бонбони од твојот живот. Денови исполнети со среќа, љубов, бакнежи, прегратки, солзи....
Нажалост, ова се 95% од времето кое си го поминал со твоите родители, затоа цени ги моментите кои ги имаш со нив..
За момент ќе воочиш дека една третина од твојот живот ќе ја потрошиш во спиење или 13.870 денови.
Дури 2.738 денови ќе ги поминеш во јадење, затоа гледај да биде квалитетна и здрава храна.
Во просек, 5 години и 4 месеци ќе поминат или 1.920 денови на социјални мрежи во губење време. Да, губење време. Искористи го за средби со пријателите, за вистински разговор во очи. Да видиш нечиј лик, реакција, емоција, да слушнеш глас. Се изгубивме во телефоните и екраните.
Тука е и работата. 4.745 бонбони или денови ќе ги поминеш во работење, па затоа прави го она што вистински го сакаш. Не го троши твојот ден залудно.
4.380 денови ќе ги поминеш гледајќи телевизија. Да, зачудувачки за секого. Еднакво на 12 години од твојот живот.
Скромни 4.198 денови ќе останат за социјален живот, што е премалку... Овие се наменети за смеа, солзи, читање, возење, трчање наоколку, она што сакаме вистински да го правиме.
Сурова вистина, зар не?
Нашиот живот се состои од моменти и спомени кои ги бираме додека сме на овој свет.
Па, што ќе направиш ти со остатокот од твоите денови? Што ќе промениш?
Како би искористил последните 365 денови од животот доколку толку ти преостанувааат?
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М.У.Т. | Црнобело