„Аплицирај за работа - лесни пари со 2 часа работа на ден“ - зошто се залетуваме?

Сите сакаат брзи пари со малку работа. Секој гледа да се снајде за да направи паричка плус, некој бара втора работа за да врзе крај со крај.

apliciraj-za-rabota-lesni-pari-so-2-chasa-rabota-na-den-zoshto-se-zaletuvame-01.jpg

Приказни еден тон. Од нереализирани ликови што седат дома до луѓе со факултетски дипломи, кои фаќаат прашина, бидејќи парите се поголеми со „нелегални“ активности, па се до мамини и татини синчиња, кои седнуваат на директорски фотелји без многу труд и знаење.

Нешто не е во ред кај нас...

Живот со брзи кредити, исплаќање трошоци на рати, кредитни картички за да одиме на одмор.

Катедрите на факултетите преполни со млади луѓе, а работни места нема доволно.

Средношколците не добиваат доволно обука и пракса, па лутаат во запишување на факултети.

Годините поминуваат, а државниот факултет бара учење, па дојде време да си олесниме и да си ги купиме дипломите.

Секако, тие се само парче хартија, кое никој нема да ти го побара кога ќе одиш на интервју за работа.

Новите генерации знаат колку вредат, па и без искуство, ама со многу самодоверба не се срамат да побараат сè што ќе посакаат. Испорачан квантитет, наспроти квалитет.

Сите во потрага по површна работа за многу пари. Практични вештини, наместо знаење.

Секој гледа да се снајде на каков било начин. „Дај што било, нешто нека се работи, некоја паричка да се сврти”.

Па, сè повеќе ќе сретнете огласи за работа по социјалните медиуми кои нудат „Аплицирај за работа - лесни пари со 2 часа дневна работа, сè што ви треба е лаптоп” на кои има стотици пријавени луѓе заинтересирани да си ја пробаат среќата.

Дали тоа е она што се нарекува заработка за пристоен живот? Дали сме задоволни со трошки од пусти страв „Ќути има и полошо?”

Не ти треба само лаптоп. Ти треба памет и труд. Многу труд за убав и комотен живот. Вложување и жртва.

 „Мижи да ти баам, лежи лебу да те јадам” веќе се умрени времиња.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. У. Т. | Црнобело / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg