Канти за ѓубре без дно, шишиња и презервативи на сите страни, а сакаме странски гости... Каде живееме луѓе? И до кога вака?!

Пред извесно време прочитав еден твит, кој ја долови убавината на нашиот бисер Охрид, неговите природни богатства и убавини и секако, твитерџијата го потенцираше неговиот став дека Охрид е нашиот најубав град. Се сложувам, но делумно.

kanti-za-gjubre-bez-dno-shishinja-i-prezervativi-na-site-strani-a-sakame-stranski-gosti-kade-ziveeme-lugje-i-do-koga-vaka-001.jpg

Прво, го обожувам Охрид, често одам таму, но не ги потценувам ни останатите прекрасни градови и места во нашата државичка.

Е, сега е ред на тажната страна на приказнава.

Го пишувам ова, инспирирана од мојот син, кој беше згрозен од глетката во Охрид.

Ги седнав децата во автомобил и ги однесов на викенд во септември. Убавини. Тивко, мирно, човек да се изгуби во спокојот на градот, особено периферните населби, како таа каде што бевме сместени.

И нормално, уште првиот ден отидовме на прошетка на локалната плажа.

ХОРОР!

Kanti-za-gjubre-bez-dno-shishinja-i-prezervativi-na-site-strani-a-sakame-stranski-gosti-kade-ziveeme-lugje-i-do-koga-vaka-02.jpg

Ѓубре колку ви душа сака. Функционална канта за ѓубре не видовме, сите беа без дно, па луѓето си фрлале внатре, а всушност сè е фрлено на трева или на самата плажа.

Целата плажа беше преполна со пластични шишиња, шампони, презервативи, избледени пакетчиња од смоки и други грицки (секако дека се избледени, веројатно од летоска стојат таму), капачиња и што уште не.

Да не заборавам, и на тепих наидовме. Страшно!

Kanti-za-gjubre-bez-dno-shishinja-i-prezervativi-na-site-strani-a-sakame-stranski-gosti-kade-ziveeme-lugje-i-do-koga-vaka-03.jpg

Не може да чекаме само од активисти кои се ангажираат кога ќе им пукне филм и ќе направат акција за собирање на сметот.

Треба да профункционира систем кој континуирано ќе ги чисти и одржува плажите. Свесна сум дека и ние како граѓани треба да водиме поголема грижа, но верувајте ова беше насобрано ѓубре кое долго време е таму.

Kanti-za-gjubre-bez-dno-shishinja-i-prezervativi-na-site-strani-a-sakame-stranski-gosti-kade-ziveeme-lugje-i-do-koga-vaka-04.jpg

Околината како од хорор филм. Два распаднати хотели, со скршени стакла, мртва темница на вечерната прошетка, графити, игли и шприцови, на плажата оставени од летоска две искршени лежални.... како ќе тераме туризам ако плажа од 2 километри не сме способни да одржуваме?!

Мора ли да е приватна плажа за да личи на нешто?! Каде е локалната самоуправа да ангажира 4-5 луѓе, во 2 дена ќе ја средат плажата, да заличи на нешто. А градот има што да понуди и е прекрасен во сите сезони.

Kanti-za-gjubre-bez-dno-shishinja-i-prezervativi-na-site-strani-a-sakame-stranski-gosti-kade-ziveeme-lugje-i-do-koga-vaka-05.jpg

Многу жалам за негрижата кон нашите туристички, но и нетуристички места. Ние имаме одличен, функционален и супер разработен систем на НЕгрижа!

Да не зборувам за патната инфраструктура, со измиена кола тргнав, таму кога стигнав целата беше со кал. Цел пат е дупка до дупка, последниот појас од Кичево до Охрид е страшен.

А работници на патот не видовме, каде се, уште колку години ќе го прават патот? Видовме само еден работник, односно му ги видовме нозете извадени преку прозор на камионот, веројатно спиеше. Толку. Механизацијата спие, работниците ги нема. Лудница!

Kanti-za-gjubre-bez-dno-shishinja-i-prezervativi-na-site-strani-a-sakame-stranski-gosti-kade-ziveeme-lugje-i-do-koga-vaka-06.jpg

На влез во Охрид еден знак ти вика дека за Охрид треба да одиш право, а следниот знак после 100 метри ти покажува Охрид десно. Па ти бирај. Ајде свртевме десно, таму кружен тек како рингишпил, не знаеш кај тераш, за всушност пак да те врати на претходниот пат и да треба сепак право да одиш. Не знаев дали да плачам или да се смеам. Каков безобразлук!

Kanti-za-gjubre-bez-dno-shishinja-i-prezervativi-na-site-strani-a-sakame-stranski-gosti-kade-ziveeme-lugje-i-do-koga-vaka-01.jpg

Понеделникот после викендот се враќам во скопската реалност и службено имав работа до населба Аеродром, ТЦ Скопјанка. Истата глетка ме пречека, само без убавината на езерото да ја ублажи згрозеноста.

Kanti-za-gjubre-bez-dno-shishinja-i-prezervativi-na-site-strani-a-sakame-stranski-gosti-kade-ziveeme-lugje-i-do-koga-vaka-07.jpg

Каде живееме луѓе?! И до кога вака?!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Кара | Црнобело / фото: приватна архива

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Водици некогаш во Охрид - Со нетрпение чекавме да се фрли крстот во студеното езеро“ Традиционално за Водици, јас секоја година одев во Охрид каде што живееше мојата...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg