„Во животот најмногу се каам за односот кон мајка ми, ноќта пред да почине“

„Затоа што се скарав со мајка ми ноќта пред да почине и кога побара прегратка за смирување од мене си заминав лут...“

vo-zhivotot-najmnogu-se-kaam-za-odnosot-kon-majka-mi-nokjta-pred-da-pochine-01.jpg

Луѓе на Reditt споделуваат емотивни исповеди. Тие откриваат за што се каат најмногу во животот.

Се каете ли и вие за нешто? Што е тоа?

Исповеди на тема „За што се каам најмногу во животот“:

„Затоа што не отидов кај дедо ми кога ме покани да играме шах. Почина една седмица подоцна и никогаш не можев повторно да играм шах со него. Уште ме мачи што го немав тој миг со него.“

„Затоа што си дозволив моите таленти за креативно пишување и свирење на пијано да пропаднат. Влегов во работна рутина и си дозволив да ја изгубам страста за тие работи, не вежбав...“

„Затоа што не почнав да штедам помлад. Тогаш не ни помислував дека работите може да ми тргнат во лоша насока, но тргнаа, за жал.“

vo-zhivotot-najmnogu-se-kaam-za-odnosot-kon-majka-mi-nokjta-pred-da-pochine-02.jpg

„Затоа што се омажив и уште плаќам долгови за брак кој траеше само една година.“

„Затоа што се фокусирав на дечковците, наместо на пријателите во факултетските денови. Не развив социјални вештини, не стекнав многу пријатели и си го изгубив времето на момци кои не вредат и кои ми го скршија срцето.“

„Затоа што изневерував девојка, која ме обожаваше и навистина не го заслужи тоа. До ден денес го носам товарот од вината.“

„Затоа што се скарав со мајка ми ноќта пред да почине и кога побара прегратка за смирување од мене си заминав лут. Следниот ден беше најлошиот ден во мојот живот, бев збунет и потажен од кога било. До крајот на животот нема да појдам во кревет скаран со некого. За ова ќе се каам цел живот. Неа повеќе ја нема да побарам прошка.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg