Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Жено, не постои поголема храброст од тоа да бидеш слаба понекогаш

zheno-ne-postoi-pogolema-hrabrost-od-toa-da-bidesh-slaba-ponekogash-01.jpg

Не постои поголема храброст од тоа да бидеш слаба и себеси да се прифатиш како таква.

Да си дозволиш себеси слабост е дел од силата.

Да си дозволиш некој тажен период да помине, користејќи љубов, нежност, луѓе, воздишки, пита со вишни, силни прегратки – наместо лекарства.

Можам да се сетам на мирисот на воздухот кога себеси првпат написмено, со потпис на кожата, си одобрив себеси да бидам слаба.

Госпоѓо моја сјајна, во ред е денес да не блескаш.

Биди слаба понекогаш...

Светот е полн со херои на кои им паѓаат значките поради преголем притисок, кој првенствено сами си го наметнуваме на себе.

Биди негативна.

На животот понекогаш „нареди му“ сè по ред.

Не мораш секогаш да имаш разбирање за сè, па од каде ти е тоа?

Налути се.

Кажи им сè.

Барај нешто кое никогаш не си го барала.

Лежи некому на рамо и само постои.

Погреши.

Откажи се.

Исчезни на некое време.

Преврти со очите.

Одбиј да се задоволуваш со трошки.

Почекај го својот ред за она навистина доброто.

Најголема храброст на овој свет, кој е постојано со некоја маска, е да ги прифатиш своите слабости.

Биди храбра, понекогаш.

Биди слаба, понекогаш.

Од слабоста секогаш ќе излезеш со еден мускул плус, верувај ми.

Извор / автор: Бранкица Раковиќ

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
Отидов во скопска болница на закажан термин за преглед на дете, од пред 1 месец - Немаше доктор, оти... „Ортопедија? Имате закажан термин? Па, ние немаме доктор ортопед. Докторката оти...
Поучна приказна која за 30 секунди ќе ве научи мудрост за цел живот Еден млад човек му се обратил на еден мудар старец со зборовите: „Толку си мудар...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg