„Ми се одмили Козјак за викенд, но бев во работен ден и беше идилично“

„Отидов после работа и на Козјак ме пречека спокој каков што не очекував. Немаше ниту еден автомобил, ниту паркирани мотоцикли, гласна музика, немаше луѓе. Не работеше дури ни ресторанот. Мир и тишина како пред 5-6 години...Уживав!“

mi-odmili-kozjak-za-vikend-ama-bev-posle-rabota-preku-nedela-i-beshe-idilichno-01.jpg

Иако Козјак ми е една од омилените дестинации преку лето и на есен, а понекогаш знам да отидам таму и во зима - ова место во последниве година-две како да ми одмили.

Преголемата гужва, автомобилите паркирани среде улица, гласната музика и ѓубрето што го оставаат несовесните луѓе, направија да го замразам местото што го посетував често и каде што секогаш си поминував убаво.

mi-odmili-kozjak-za-vikend-ama-bev-posle-rabota-preku-nedela-i-beshe-idilichno-05.jpg

Добро, не го замразив, но долго време не сакав да одам таму. Кога и да го спомнеше некој како викенд дестинација – одбивав! Па, ќе видам фотки и ќе ми стане криво.

Но, потоа ќе се сетев на сите работи што Козјак од омилено ми го направија најнеомилено место, и си се тешев дека ништо не сум пропуштила, бидејќи ништо не се сменило.

mi-odmili-kozjak-za-vikend-ama-bev-posle-rabota-preku-nedela-i-beshe-idilichno-02.jpg

Но, сега беше поинаку. По долго време, првпат посакав да отидам на Козјак, да уживам во прекрасната глетка, да дишам чист воздух, да го видам сонцето како заоѓа зад планините.

„Дечки, време е. Да ве земам утре после работа? Ќе купиме кафе од пумпа по пат, пикник ќебе имам во багажникот, понесете само млеко за сончање и спреј против комарци“ – им реков.

mi-odmili-kozjak-za-vikend-ama-bev-posle-rabota-preku-nedela-i-beshe-idilichno-09.jpg

Возењето натаму стандард: гласна музика, кривини, многу песок и камчиња расфрлани по патот. И огромни дупки среде улица кога ќе се одвоите од главниот пат и ќе тргнете да се искачувате накај Козјак.

Се сеќавам дека имаше по некоја дупка ваму-таму, ама сега се вистински кратери...

Додуша, изгледаше како да се пресечени делови од асфалтот кои конечно некој ќе ги „закрпи“, па ќе може да се вози раат, без страв дека ќе дупнете гума или ќе ги уништите амортизерите на автомобилот.

mi-odmili-kozjak-za-vikend-ama-bev-posle-rabota-preku-nedela-i-beshe-idilichno-07.jpg

Извозев „слалом“, погодив и по некоја дупка (не може да се избегне сè) и конечно стигнавме на Козјак.

А таму – спокој каков што не очекував. Немаше ниту еден автомобил, паркирани мотоцикли, немаше луѓе. Не работеше дури ни ресторанот. Мир и тишина како пред 5-6 години.

mi-odmili-kozjak-za-vikend-ama-bev-posle-rabota-preku-nedela-i-beshe-idilichno-08.jpg

Нормално (или не), прво се фотнавме и ставивме по некоја објава на Инстаграм. Па, го распославме ќебето за пикник, извадивме кафе и слатки и седнавме на земја.

По некое време сфатив дека е многу тивко – никој од нас не зборуваше, само седевме, гледавме во совршената зелена природа пред нас, во езерото кое баш и не беше полно, секој изгубен во своите мисли.

mi-odmili-kozjak-za-vikend-ama-bev-posle-rabota-preku-nedela-i-beshe-idilichno-06.jpg

По којзнае колку време, повторно уживав тука. Со сите сетила. Уживав во тишината, во чистиот воздух, во прекрасното зајдисонце, во мирисот на цвеќињата... Не ми пречеа (многу) дури ни мувите што касаа и досаѓаа.

Овој Козјак, овој мир беше совршен. Би рекла дека ви го препорачувам на сите, ама ќе бидам себична, па ќе посакам и следниот пат да нема никој кога ќе дојдеме тука со пријателите.

Бидејќи Козјак после работа, преку недела, е навистина идилично место.

mi-odmili-kozjak-za-vikend-ama-bev-posle-rabota-preku-nedela-i-beshe-idilichno-04.jpg

Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело / фото: Приватна архива

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Намерно се запуштав за да не излезам од дома, Скопје ме гушеше - едвај се извлеков од депресијата“ „Не миев коса со денови за да имам изговор - кај да одам со мрсна коса? Нок...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg