Бугарскиот пејач Азис: „Имам 3 деца, најстарата ќерка има 17 години и не кажува дека сум ѝ татко - ја добив со најдобрата пријателка“
- Детали
- петок, 31 јануари 2025
„До ден денес таа на другите не им открива дека е моја ќерка. Има руса коса и сини очи. Многу сме блиски. Јас со неа отворено разговарав за сè во текот на нејзиното растење. Ѝ кажав сè за да не слушне нешто од другите“, изјави Азис во гостување во шоуто на Цеца.
Бугарскиот пејач Васил Тројанов Бојанов, познат како Азис, гостуваше во емисијата „Ceca Show“ на Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Пејачот кој креваше голема прашина во регионот во минатото со скандалозните модни изданија, сега изгледа сосема поинаку.
Во црн костум со принт, тој повеќе не е со женска облека, со шминка и високи потпетици.
Тој е драстично ослабен, оди во теретана и повеќе не е толку често во јавноста.
Азис откри дека со најдобрата пријателка Гала добил 3 деца, а зад себе има и брак и со маж.
Бугарскиот пејач има две ќерки и еден син, а најстарата негова ќерка има 17 години.
„Имам ќерка на 17-годишна возраст. Не е музички талентирана. Таа многу сака животни и нејзиниот живот е посветен на животните. Ќе заврши Факултет за ветерина.
До ден денес таа на другите не им открива дека е моја ќерка. Има руса коса и сини очи. Многу сме блиски.