Канје Вест и голата Бјанка Сенсори избркани од Греми '25 - не биле ни поканети на настанот (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 03 февруари 2025
Контроверзниот музичар и неговата сопруга направија скандал на Греми наградите 2025, откако Бјанка се соблече гола на црвениот тепих.
Вчеравечер (02.02) се одржа доделувањето на Греми наградите 2025, а покрај одличните музички настапи, насмеаните лица на победниците и забавните моменти зад сцената, се случи и скандал кој го предизвика Канје Вест.
Раперот, кој беше номиниран во категоријата Најдобра рап песна, на црвениот тепих се појави со сопругата Бјанка Сенсори.
Парот пред фоторепортерите дојде облечен во црно - тој носеше маичка и црни панталони, а таа раскошна црна бунда.
Кога застанаа на црвениот тепих, се наместија за фотографирање, а Бјанка ја соблече бундата под која носеше фустан од тул во боја на кожа, без гаќички и градник.
Според дел од присутните на црвениот тепих, полицијата задолжена за обезбедувањето на настанот побарала од нив да си заминат и не им било дозволено да влезат во салата, пишува Daily Mail.
Наводно, Канје, иако бил номиниран, не добил покана од организаторите да присуствува на настанот, а тоа било причина за скандалот на црвениот тепих.
Видеото од голата Бјанка се споделува и на Твитер, а повеќето коментари се дека Сенсори мора да се цензурира, бидејќи со соблекувањето гола ги надмина сите граници.
Погледнете го видеото:
Прочитајте и 10-те најубави и највпечатливи парови на Греми наградите 2025 (фото)
А. Ј. | Црнобело