Канје и Бјанка организирале оргии во хотели, раперот сакал да спие со мајка ѝ – нови бизарни детали за контроверзниот пар
- Детали
- вторник, 15 октомври 2024
Според нова тужба против Канје Вест, раперот и Бјанка организирале секс забави во луксузни хотели. Истовремено, раперот сакал да спие со мајката на Бјанка, додека таа гледа, а ова не е првпат на виделина да излезе неговата опседнатост со родителите, односно мајките на бившите.
По бракот кој траеше речиси 2 години и бројните скандалозни појавувања во јавност, Канје Вест и Бјанка Сенсори решија да се разделат.
Но, контроверзиите за парот не престануваат ни по наводниот развод – додека луѓето блиски до нив ги нарекуваат „патетични“, поранешна асистентка на раперот тврди дека со Бјанка организирале оргии.
Уште побизарни се гласините дека Канје сакал да спие со мајката на Бјанка, додека таа гледа.
Не е познато зошто Канје и Бјанка одлучиле да се разведат и дали воопшто го финализирале разводот - неколку часа откако се појавија гласини дека се разделиле, тие беа забележани заедно во Јапонија.
По ова, извори блиски до парот изјавија дека нивните пријатели ги сметале за „патетични“ и само сакале да привлечат внимание.
„Канје и Бјанка самите се одговорни за вестите дека ќе се разведуваат бидејќи тоа им го кажуваа на блиските“, открива извор за Daily Mail.
„Бјанка им кажа на пријателите во Австралија и на сите други дека ќе се разделат, но дека постои можност да се смират.
И двајцата знаат дека со ова ќе привлечат внимание бидејќи Канје пробува да го промовира неговиот нов албум.
Свесни се дека на луѓето им е преку глава од разголените изданија на Бјанка. Сите ја видоа гола и сега на никој веќе не му е грижа.
Па, почнуват гласини дека се разделуваат и повторно привлекуваат внимание. Пријателките на Бјанка мислат дека сето ова е патетично“, вели друг извор за TMZ.
Додека се дебатира за тоа дали навистина се разделиле или само сакаат да привлечат внимание, поранешна асистентка на Канје го тужи раперот за сексуално вознемирување.