Канје и Бјанка организирале оргии во хотели, раперот сакал да спие со мајка ѝ – нови бизарни детали за контроверзниот пар
Лорен Пискота која му била асистентка на Канје во 2021 и 2022 година тврди дека раперот ја користел неговата канцеларија за бизарни секс средби.
Според нејзината тужба, тој честопати правел и секс забави во луксузни хотели, додека Бјанка била главниот организатор.
Наводно, токму на ваквите забави, Лорен Пискота била жртва, а во една пригода, раперот дури и ја фатил за врат.
Пискота тврди и дека Канје ја силувал на една од озлогласените забави на Пи Диди.
Во истата тужба е наведено дека Канје имал и бизарна опсесија со мајката на Бјанка – Александра.
Имено, таа видела пораки во кои раперот ѝ вели на Бјанка дека сака да има секс со мајка ѝ, додека таа гледа.
Откако деталите за тужбата допреа до јавност, се огласи и мајката на Бјанка.
За австралиското издание на Daily Mail, таа само кратко изјавила дека не планира да се меша во последните озборувања за нејзиниот зет.
Бјанка со мајка ѝ Александра
Инаку, според тужбата, Канје генерално бил опседнат со мајките на жените со коишто се гледал и често зборувал дека сака да спие со нив.
А, ова не е првпат раперот да биде критикуван за бизарните изјави за мајките на неговите бивши.
Додека беше во брак со Ким Кардашијан, Канје го коментираше сексуалниот живот на Крис Џенер.
Истовремено, во експлицитна песна имаше стих каде што вели дека би сакал да спие со сите ќерки на Крис.
Крис Џенер, пак, самата имаше изјавено дека Канје станал опседнат со Кејтлин Џенер по нејзината транзиција во 2015 година.
Во контроверзниот спот од неговата песна Famous, има и восочна фигура која е гола и која личи на Кејтлин Џенер.
Засега Канје се нема огласено за новата тужба, ниту за наводниот развод со Бјанка.
Спирова С. | Црнобело