Заради љубов скокнала од мост, Марко Јариќ ја изневерил Лима со неа – Скандалите на Јована Ѓорѓевиќ Швоња
- Детали
- недела, 13 октомври 2024
Отворено признава дека се кае за естетските операции, а нејзиниот живот е проследен со низа скандали: скок од мост, оштетување на кожата, загрозување на безбедноста на своите деца. Која е Србинката Јована Ѓорѓевиќ Швоња и што знаеме за неа?
Српската манекенка Јована Ѓорѓевиќ Швоња (33) често ја нарекуваат „една од најубавите сопруги на фудбалери“, но иако живее живот на висока нога, често во српските медиуми е застапена со скандалите и несреќите што се чини дека постојано ја следат.
Во продолжение повеќе детали за скандалозниот живот на српската манекенка:
Јована на 18 години победила на Miss Fashion TV, па тогаш ја започнала соработката со голем број модни агенции.
Таа во една пригода раскажа дека татко ѝ не сакал таа да биде манекенка, но тоа не ја спречило да работи со голем број светски познати агенции, да игра во спотот на Саша Ковачевиќ за песната „Како после нас“ и да работи како водителка на телевизијата „Пинк“.
За Јована имаше гласини дека во 2010-та година по расправија со поранешното момче Славко Мољац се обидела да си го одземе животот, скокајќи од мост во Нови Сад. Таа прво ги демантираше гласините, а потоа призна:
„Си помислив дека немам друг излез. Згрешив, а за тоа станав свесна дури откако се најдов во вода“ – рече таа и призна дека згрешила откако раскинала со дечкото кој исто така е познат српски модел.