„Не паничев“ - Девојка од Хрватска се пожали дека ја каснала ајкула на одмор на Малдиви (фото)
- Детали
- вторник, 15 октомври 2024
„Дојде мојот ред да нурнам, додека водичот ме снимаше со подводна камера. Се придржував кон правилата, но во еден миг почувствував угриз на десната подлактица...“, споделува хрватската инфлуенсерка Ела Јерковиќ.
Ела Јерковиќ е позната хрватска инфлуенсерка, со повеќе од 630.000 следбеници на Инстаграм, која периодов ужива на Малдиви.
Таа отпатувала таму со група други инфлуенсерки за да се релаксираат и да креираат содржини за социјалните мрежи, но, за жал, ја каснала ајкула.
Ела за порталот „Slobodna Dalmacija“ изјави:
„Пливањето со ајкули отсекогаш ми беше желба. Станува збор за вид на ајкули кои се безопасни за луѓето и вообичаено се хранат со риби.
Дојде мојот ред да нурнам, додека водичот ме снимаше со подводна камера.
Се придржував кон правилата, но во еден миг почувствував угриз на десната подлактица.
На миг се смрзнав од шок, но не почувствував никаков облик на агресија, никакви нагли потези, имав чувство како случајно да ме гризна.
Зошто се случи тоа? Мислам затоа што водичите фрлаат мртви риби од бродот за да се соберат јато ајкули во близина на луѓето за подобро искуство и подобри видеа.
Нашиот водич фрлаше риби во моја непосредна близина, па мислам дека ајкулата по грешка ја гризна мојата рака, наместо рибите. Плус, откако ме гризна не продолжи со напад.