Се венча водителката Ведрана Ѓорѓевиќ: „До вечноста“
- Детали
- петок, 11 октомври 2024
Водителката Ведрана Ѓорѓевиќ во долг бел фустан, блеска покрај сопругот на фотографиите од венчавката.
Ведрана Ѓорѓевиќ и нејзиниот свршеник, диџејот и продуцент Ендру Мелер (чие вистинско име е Андрија Антиќ), се венчаа неколку месеци откако Андрија ја запроси Ведрана на Занзибар.
Тие направија интимна венчавка на која присуствуваа најблиските семејства и мал број пријатели.
Ведрана и Андрија се венчале на 22 септември, а водителката сега ги сподели фотографиите на своите социјални мрежи.
За венчавката, таа избра бела венчаница која ја следи линијата на телото, со долг вел, додека Андрија се одлучи за ленена крем кошула и бели панталони.
На фотографиите тие блескаат од среќа, а Ведрана напиша: „До вечноста“.