Водителката Ведрана Ѓорѓевиќ му кажа „да“ на саканиот на Занзибар
- Детали
- петок, 23 февруари 2024
„Кога ќе ја најдеш сродната душа, само е прашање на време“, напишаа на Инстаграм водителката Ведрана Ѓорѓевиќ и нејзиниот сакан, диџејот и продуцент Ендру Мелер (Андрија Антиќ), кои се свршија на Занзибар.
Водителката Ведрана Ѓорѓевиќ и нејзиниот долгогодишен партнер, диџејот и продуцент Ендру Мелер (чие вистинско име е Андрија Антиќ), се свршија на зајдисонце на Занзибар.
Тие на Инстаграм објавија фотографија од романтичниот момент, каде тој е клекнат на колено со прстен во раката.
„Кога ќе ја најдеш сродната душа, само е прашање на време“, стои на Инстаграм.
Парот доби многу честитки од пријателите и бројни јавни личности, меѓу кои Лила Филиповска, Перо Антиќ, Моника Црнокрак, Пулексенија Јовановска...
Ведрана и Ендру веќе неколку дена уживаат на Занзибар, откако периодов патуваа низ цела Европа поради настапите на диџејот.
Тие објавија многу фотографии и видеа и покажаа како се забавуваат на рајскиот остров.
А. Ј. | Црнобело