Македонец стана вирален хит - Го крена во прегратка својот идол Џаред Лето на концерт во Белград (фото+видео)

„На сцената кажав ‘Jас сум Христијан и доаѓам од Македонија’, па на Џаред Лето му ги покажав трите мои тетоважи, посветени на бендот. Бев толку блиску до мојот идол, уште ми е нереално“, вели Христијан Проданов од Скопје за CRNOBELO.com.

beshe-spektakularno-koj-e-makedonecot-shto-zavrshi-na-scena-vo-pregratka-na-djared-leto-na-koncert-vo-belgrad-01.jpg

Христијан Проданов од Скопје присуствуваше на концертот на бендот „Thirty Seconds to Mars“ во Белград, кој се одржа на 11-ти октомври, а таму доживеа спектакуларен миг кога неговиот идол Џаред Лето, фронтменот на бендот, го покани на сцената.

Видеата и фотографиите од овој миг вирално се проширија на социјалните мрежи.

beshe-spektakularno-koj-e-makedonecot-shto-zavrshi-na-scena-vo-pregratka-na-djared-leto-na-koncert-vo-belgrad-06_1_copy.jpg

Христијан за CRNOBELO.com вели дека концертот бил предобар, се одржал во белградската арена и имало околу 3.000 луѓе, од кои повеќето Руси.

За CRNOBELO.com Христијан изјави:

„Бев во втор ред пред бината, шоуто почна маестрално со одбројување од 100 од 0.

beshe-spektakularno-koj-e-makedonecot-shto-zavrshi-na-scena-vo-pregratka-na-djared-leto-na-koncert-vo-belgrad-04.jpg

Како што е традиција на останатите концерти каде Џаред Лето кани луѓе на сцена, праша: „Дали некој сака да ми се придружи?“.

Веднаш штом го изговори последниот збор, јас скокнав и ја кренав раката, тој ме погледна и кажа „Yes, this guy with the beard!“ (Да, оној дечко со брадата).

Ja прескокнав оградата и се качив на сцена, го гушнав и му ги покажав трите тетоважи, две од кои се целосно посветени на бендот, а третата делумно.

beshe-spektakularno-koj-e-makedonecot-shto-zavrshi-na-scena-vo-pregratka-na-djared-leto-na-koncert-vo-belgrad-03_1.jpg

beshe-spektakularno-koj-e-makedonecot-shto-zavrshi-na-scena-vo-pregratka-na-djared-leto-na-koncert-vo-belgrad-02.png

На тоа реагираше ептен позитивно, по што уште еднаш се поздравивме и прегрнавме, овој пат посилно.

beshe-spektakularno-koj-e-makedonecot-shto-zavrshi-na-scena-vo-pregratka-na-djared-leto-na-koncert-vo-belgrad-11.jpg

Искрено и реално, ова е еден од најдобрите моменти во мојот живот! Ме праша како се викам и кажав „Христијан и доаѓам од Македонија“.

На ова цела публика почна да вреска и ракоплеска во знак на поддршка.

beshe-spektakularno-koj-e-makedonecot-shto-zavrshi-na-scena-vo-pregratka-na-djared-leto-na-koncert-vo-belgrad-03.jpg

По ова покани уште неколку од присутните на сцена, а јас за тоа време веќе бев кај тапанарот, воедно брат на Џаред, Шенон Лето.

beshe-spektakularno-koj-e-makedonecot-shto-zavrshi-na-scena-vo-pregratka-na-djared-leto-na-koncert-vo-belgrad-04_1.jpg

Морам да кажам дека премногу се забавував на сцена и ми беше предобро доживување!

По завршување на песната не можев да си дојдам при себе од возбуда, и поради тоа што враќајќи се до местото каде што стоев, луѓето ми даваа преубави коментари и ми кажуваа колку сум среќен што Џаред ме повикал и разговарал токму со мене, а некои и се шегуваа дека ако направат селфи со мене ќе биде нешто најблиску до самиот Џаред.

beshe-spektakularno-koj-e-makedonecot-shto-zavrshi-na-scena-vo-pregratka-na-djared-leto-na-koncert-vo-belgrad-09.jpg

Продолжетокот на шоуто делуваше нереално. Дел поради тоа што бев толку блиску до мојот идол, а дел поради тоа што целиот концерт беше концерт од светски размери. Со видео и аудио шоу, светлечки ефекти, конфети и оганофрлачи, како и неуморливите Џаред и Шенон.

Публиката беше презадоволна од целиот концерт, а јас бев во облаци. По концертот сите што ме сретнаа извикуваа Македонија, што навистина ме направи горд и среќен.

beshe-spektakularno-koj-e-makedonecot-shto-zavrshi-na-scena-vo-pregratka-na-djared-leto-na-koncert-vo-belgrad-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Едина Муса со бившиот на Тамара во Белград, Пере заљубен во сопругата: Што прават македонските ѕвезд... Кошаркарката Едина Муса објави неколку фотографии со поранешниот сопруг на Тамар...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Наташа Фигурела цело лето е на грчки остров: „Првпат дојдов на Миконос во 2004 година и се заљубив в... „Почнав секоја година да доаѓам на Миконос, бидејќи на овој остров се чувствувам...
Каролина Гочева објави забавни фотки од турнејата во Германија - Како патува со бендот, се спие дури... Од тоа како ја шминкаат пред настап до како патува со членовите од бендот и прав...
Крива Паланка е сцена од празнична бајка во пресрет на 2025-та (фото) И додека Скопје уште го чека новогодишното китење, Крива Паланка блесна во полн ...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg