Каков татко - таква ќерка: Канје Вест ги замени забите со титаниумска вилица, а Норт се пофали со скап накит во устата
- Детали
- четврток, 18 јануари 2024
Истиот ден кога Канје се пофали со нова вилица, поскапа од дијаманти, ќерка му покажа дека ставила скап накит на забите. Каков татко – таква ќерка...
Ќерката на Ким Кардашијан и Канје Вест, 10-годишната Норт се пофали дека има скап накит за заби во најновото видео што го објави на ТикТок, додека, пак, татко ѝ се пофали дека вложил 850.000 долари во новата вилица.
Норт се пофали дека има накит на долните предни заби и на два заба во горниот дел од вилицата, слично како што носеше мајка ѝ во минатото.
Истовремено, додека Норт се фалеше со своите нови аксесоари, татко ѝ Канје се пофали дека ги извадил сите заби и ги заменил со титаниумска вилица која чини 850.000 долари.
Наводно, титаниумската вилица е поскапа од дијаманти и Канје ја дизајнирал сам.
Тоа е првата вилица од ваков тип, а Канје посетил познати стоматолози во Лос Анџелес за да му ја вградат.
Инаку, ова не е првпат Канје да направи интервенции со забите. Во 2010-та година тој целата долна вилица ја замени со дијаманти и тврдеше дека целосно ги извадил сопствените заби, затоа што сметал дека е многу „покул“ да има скапоцени камења во устата.
Б. С. Б. | Црнобело