Бјанка Сенсори (30) скандалозна и на забавата по Греми '25 - во проѕирно танга боди танцува со Канје Вест (47)
- Детали
- вторник, 04 февруари 2025
Бјанка Сенсори на забавата по Греми наградите во Лос Анџелес се прошета во проѕирно танга боди и повторно предизвикаа скандал со однесувањето со Канје Вест.
Контроверзниот музичар Канје Вест и неговата сопруга направија скандал кога Бјанка Сенсори на Греми наградите 2025 се соблече гола на црвениот тепих.
Но, тие се однесуваа уште поскандалозно на забавата по Греми наградите во Лос Анџелес.
Таа танцуваше речиси гола, во проѕирно танга боди, се бакнуваа, а во еден миг Канје ја носеше на грб.
Инаку, во медиумите осамна информацијата дека Бјанка и Канје биле избркани од Греми наградите, но наводно не било така. Магазинот „People“ тврди дека Канје влегол како еден од номинираните, но потоа сам одлучил да си замине.
Скандалозното однесување на парот на забавата по наградите погледнете го ТУКА.
Парот на забавата:
С. С. | Црнобело