Maкедонци одговараат за CRNOBELO: „Кога ќе помислам на школските денови – кој професор прв ми паѓа на ум?“

Марија (45) од Скопје за CRNOBELO.com се потсетува на школските денови: „Доколку треба да одберам еден професор, би кажала нешто за професорката по математика од средно. Тие што ја сакаа се броеја на рака, немаше некој којшто немаше страв од неа. Имаше знаење, но умееше да работи само со оние ученици на кои им фаќа главата, а за другите немаше воопшто трпение”.

marija-34-od-skopje-se-sekavam-na-mojata-profesorka-po-matematika-tie-sto-ja-sakaa-se-broea-na-raka-nemase-nekoj-kojsto-i-go-nemase-stravot-no-imase-golemo-poznavanje-od-matematikata-01.jpg

Секој професор којшто го сретнуваме во училиштниот ходник има своја приказна којашто заслужува да биде слушната. Бидејќи училиштето е градба со четири ѕидови, со иднина во нив. Учителот е најважната алка во таа градба, бидејќи може да го промени животот на ученикот со вистинската мешавина на кредата и знаењето.

Мојата класна велеше: „Учениците се биографијата на учителот“.

Па, според тоа решив да го отворам дневникот на генерациите наназад и да ве одведам во спомените од нивните школски денови.

Кој добар, кој те гледа со крената веѓа, од некој ти се тресе гласот додека му ја раскажуваш новата лекција, додека на друг мораш да му го фалиш предметот.

Такви се луѓето, секој човек е посебна приказна за себеси.

Одлучивме да поразговараме со неколку луѓе за нивните спомени од училишните клупи:

Марија (45) од Скопје за CRNOBELO.com се потсетува на својата професорка по математика....

„Искрено, ми дадовте сериозен предизвик да се навратам назад во школските клупи.

Доколку треба да одберам еден професор, би кажала нешто за професорката по математика од средно. Тие што ја сакаа се броеја на рака, немаше некој којшто немаше страв од неа. Се трудиш, не се трудиш - не ја интересираше многу, ако добиеш убава оцена на тестот во ред, ако не со здравје да си го носиш.

Ја паметам како студена жена, којашто имаше големо познавање од математиката, но знаеше да работи само со оние ученици на кои им фаќа главата, а за другите кои помалку разбираа немаше воопшто трпение”.

marija-34-od-skopje-se-sekavam-na-mojata-profesorka-po-matematika-tie-sto-ja-sakaa-se-broea-na-raka-nemase-nekoj-kojsto-i-go-nemase-stravot-no-imase-golemo-poznavanje-od-matematikata-02.jpg

Игор (37) од Битола раскажува за строгиот професор по физичко...

„Обележје за строг професор во средно ни беше професорот по физичко.

Интересно беше тоа што не наликуваше воопшто на некој кој се занимава со спорт. Вишокот килограми, надуените образи и бавното одење беа дел од неговиот изглед којшто му пркосеа на предметот физичко.

Не дај боже да си ги заборавил дома дресот и белата маица за часот... А доколку му носиш здравствено оправдување поради настинка и не можеш да играш, е тогаш мислам дека подобро ни беше да се скриеме некаде поради неговата лутина”.

marija-34-od-skopje-se-sekavam-na-mojata-profesorka-po-matematika-tie-sto-ja-sakaa-se-broea-na-raka-nemase-nekoj-kojsto-i-go-nemase-stravot-no-imase-golemo-poznavanje-od-matematikata-03.jpg

Цветанка (67) од Струга ја опишува својата класна...

„Јас, како некој од постарата генерација, можам да кажам дека многу работи се разликуваа кога јас бев во школските клупи, за разлика од тоа денес.

Најмногу се сеќавам на мојата класна која ни предаваше англиски јазик. Штотуку се вработи, беше многу млада и убава. Поради нејзиниот изглед ѝ дадоа прекар и ја викаа „убавицата “.

Знам дека сите момчиња што учеа во генерацијата беа восхитени од нејзиниот изглед. Но, искрено тоа неа ништо не ѝ значеше, бидејќи бараше знаење, па така честопати се случуваше да испрати ученици на полагање”.

marija-34-od-skopje-se-sekavam-na-mojata-profesorka-po-matematika-tie-sto-ja-sakaa-se-broea-na-raka-nemase-nekoj-kojsto-i-go-nemase-stravot-no-imase-golemo-poznavanje-od-matematikata-04.jpg

Теодора (28) од Битола највеќе ја памети професорката по хемија...

„Од средно најмногу ќе се сеќавам на професорката по хемија. Без белиот мантил не можевме да ја видиме, без разлика на тоа што ни двапати месечно немавме практичен час.

Сите велеа дека го носи белиот мантил за да си даде на значење на предметот којшто го предаваше.

Користеше еден посебен сленг во своето зборување, па така честопати часовите ги поминувавме смеејќи се. Постојано ни се закануваше како ќе ни викне родители бидејќи важевме за немирен клас, особено на нејзиниот час.

Но, сепак кога ја прославуваме матурата, навистина емотивно настапи кон нас и кажа дека многу ќе и фалиме како клас”.

marija-34-od-skopje-se-sekavam-na-mojata-profesorka-po-matematika-tie-sto-ja-sakaa-se-broea-na-raka-nemase-nekoj-kojsto-i-go-nemase-stravot-no-imase-golemo-poznavanje-od-matematikata-05.jpg

Се надевам дека ви ги навративме и вашите спомени од школските денови.

Сигурен сум дека овие типови на професори ги има во секое училиште, едноставно нивните карактеристики и сеќавањата кон нив се вашето богатство од моменти од времето кое вечно ќе го паметите.

А кој беше вашиот омилен или најмалку омилен професор и по што ќе го паметите?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобелo / фото: pexels.com 

Би можело да ве интересира:

Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
„Водици некогаш во Охрид - Со нетрпение чекавме да се фрли крстот во студеното езеро“ Традиционално за Водици, јас секоја година одев во Охрид каде што живееше мојата...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
„Држи мe цврсто за рака“: Приказна за љубовта меѓу ќерката и таткото „Ако јас те држам за раката и нешто ми се случи, големи се шансите да ти ја пушт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg