Продавачка во маркет во Битола со насолзени очи ме замисли: „Дали ги почитуваме правата на работниците?“

Симпатична продавачка во години, прилично растревожена и нервозна, со солзи во очите, ѝ се жалеше на својата колешка за работните услови. Поради разговорот што го слушнав се запрашав дали и колку ги почитуваме правата на работниците?

vidov-prodavacka-vo-market-so-solzi-vo-ocite-poradi-nejzinata-rabota-dali-gi-pocituvame-pravata-na-rabotnicite-01_copy.jpg

Пред некој ден, додека бев во маркет во Битола, се сетив на една непријатна ситуација од минатата зима. Иако поминаа неколку месеци, ни сега не можам да поверувам на тоа што го видов и слушнав. 

Една симпатична тетка во години, прилично растревожена и нервозна, ѝ се жалеше на својата колешка, кажувајќи ѝ дека минатата ноќ премрзнале во маркетот бидејќи газдата не сакал да им пушти греење, бидејќи најверојатно не сакал да троши струја.

Плата сè уште немала земено, ѝ било речено дека платата ќе доцни, а дента добила информација дека ќе мораат да работат и на државниот празник што следува.

Искрено, бев разочаран од тоа што ни се случува. Гледав во нејзините насолзени очи мислејќи си дека сигурно и оваа жена има семејство со кое сака да биде за празникот. Сигурно има деца за чување, па им треба платата.

Дали некој воопшто мисли на работниците кои макотрпно работат, а притоа ни најмалку не се почитувани од своите газди, кои се третирани како роботи и кои според газдите треба да работат за „без пари“?

Знам и за продавачката во бутикот која цел свој живот го поминала работејќи таму, а има одмор од нецели пет дена.

А дали вие знаете за неплатените ноќни смени на работниците во фабриките? Дали сте помислиле на опасните работни места на коишто работат голем број луѓе, а не се ни осигурани?

Некој можеби би рекол дека парите не се сè во животот, но што кога станува збор за семејства кои не знаат како да го поминат месецот, работат секој ден во седмицата, а не ја земаат платата која ја заслужуваат?

vidov-prodavacka-vo-market-so-solzi-vo-ocite-poradi-nejzinata-rabota-dali-gi-pocituvame-pravata-na-rabotnicite-02.jpg

Зошто некој мора да ги злоупотребува вредните луѓе кои сакаат чесно да си го заработат парчето леб?

Зарем тие немаат свои права кои газдите треба да им ги почитуваат? Какво би било општеството ако не постојат работниците? Зарем тогаш газдите ќе можат самите да ја завршат целата работа или повторно ќе се однесуваат како стопани на човековиот живот?

Некој мора да стане, додека другите седат; некој мора да зборува додека другите не смеат ни да „писнат“. Мора од нешто да се почне за да се слушне гласот на работниците кои работат во мизерни услови за уште помизерни примања.

Сè додека никој не прашува како тие работници успеваат да го поминат месецот и да ги прехранат своите деца, бидејќи се по цел ден на работа, а работат за џабе, ние воопшто нема да напредуваме.

Поради тоа голем број луѓе заминуваат да работат во странство и го напуштаат својот дом. Бидејќи секој сака да живее пристоен живот со барем основни примања. Општеството не може без работниците.

Работниците имаат свои права кои треба да се почитуваат и за кои тие треба силно да се борат. Никој не е газда на нашиот живот, никој не може да нè злоупотребува.

vidov-prodavacka-vo-market-so-solzi-vo-ocite-poradi-nejzinata-rabota-dali-gi-pocituvame-pravata-na-rabotnicite-04.jpg

Време е сериозно да се посветиме со цел да ја подобриме таа култура и таквото однесување. Да изградиме свет каде одењето на работа ќе претставува задоволство за секого, а не „страв и трепет“ од надредените.

Да се потрудиме да го почитуваме трудот на луѓето, а притоа и соодветно да ги наградиме. Бидејќи користољубивоста и алчноста преку туѓиот грб ќе нè претворат во чудовишта коишто ќе газат сè пред себе.

Време е да ги почитуваме правата на работниците, бидејќи и тие се луѓе, а не роботи.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобелo / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg