„Брзај, брзај прваче...“ - Стихови и предмети што ќе ви разбудат носталгија за школските денови

„Брзај, брзај прваче кон школскиот двор, те чека учителка со мајчински збор...“ Колкумина од вас сѐ уште ги помнат стиховите од првата песничка од Букварот со коишто го започнале своето образование?

brzaj-brzaj-prvache-stranici-od-knigi-i-predmeti-shto-budat-nostalgija-01.jpg

Први септември е ден кога голем број првачиња за првпат ќе застанат во училишните клупи, а јас како мајка на прваче признавам дека сум возбудена и уплашена.

Возбудена затоа што моето дете што ми се чини дека до вчера беше бебе, сега веќе отпочнува ново поглавје во својот живот, а уплашена затоа што знам дека тој нов период носи голем број предизвици.

brzaj-brzaj-prvache-stranici-od-knigi-i-predmeti-shto-budat-nostalgija-21.jpg

Како ќе се снајде во новата средина? Ќе најде ли нови другарчиња? Ќе се навикне ли на наставата? Како јас како родител ќе одговорам на новите предизвици?

Тоа се прашања што секој родител, според мене си ги поставува и силно стискам палци и чекам да видам што ќе се случи.

Освен возбудата за новото и неизвесното, изминативе денови ми разбудија и доза носталгија, па се обидов да се присетам како изгледаше времето кога јас бев прваче.

brzaj-brzaj-prvache-stranici-od-knigi-i-predmeti-shto-budat-nostalgija-20.jpg

„Шетајќи“ по различни Фејсбук страници и објави на социјалните мрежи се присетив на голем број предмети што беа дел од нашето секојдневие, а верувам и кај многумина од вас ќе разбудат убави спомени...

Од шарениот Буквар со песнички, задачи и текстови од кои научивме да пишуваме и да читаме, до наостреното стапче со кое ги покажувавме буквите...

Од тетратката за почетно пишување и добивањето пофалба за секоја успешно испишана страница до логичките плочки шарените боички со кои цртавме...

Во продолжение да се присетиме на предметите што будат доза носталгија кај сите оние што беа првачиња во минатото:

Буквар – 1996-та година

brzaj-brzaj-prvache-stranici-od-knigi-i-predmeti-shto-budat-nostalgija-02.jpg

brzaj-brzaj-prvache-stranici-od-knigi-i-predmeti-shto-budat-nostalgija-03.jpg

brzaj-brzaj-prvache-stranici-od-knigi-i-predmeti-shto-budat-nostalgija-05.jpg

brzaj-brzaj-prvache-stranici-od-knigi-i-predmeti-shto-budat-nostalgija-06.jpg

brzaj-brzaj-prvache-stranici-od-knigi-i-predmeti-shto-budat-nostalgija-07_copy.jpg

Песничката „Прваче“

brzaj-brzaj-prvache-stranici-od-knigi-i-predmeti-shto-budat-nostalgija-04.jpg

Логички плочки

brzaj-brzaj-prvache-stranici-od-knigi-i-predmeti-shto-budat-nostalgija-08.jpg

Тетратка за почетно пишување

brzaj-brzaj-prvache-stranici-od-knigi-i-predmeti-shto-budat-nostalgija-09.jpg

Лектирата „Касни порасни“

brzaj-brzaj-prvache-stranici-od-knigi-i-predmeti-shto-budat-nostalgija-10.jpg

brzaj-brzaj-prvache-stranici-od-knigi-i-predmeti-shto-budat-nostalgija-11.jpg

brzaj-brzaj-prvache-stranici-od-knigi-i-predmeti-shto-budat-nostalgija-12.jpg

brzaj-brzaj-prvache-stranici-od-knigi-i-predmeti-shto-budat-nostalgija-13.jpg

Лектирата „Зоки Поки“

brzaj-brzaj-prvache-stranici-od-knigi-i-predmeti-shto-budat-nostalgija-14.jpg

Боичките за цртање

brzaj-brzaj-prvache-stranici-od-knigi-i-predmeti-shto-budat-nostalgija-15.jpg

Прочитајте и Носталгија по детството – 6 раскази од Толстој од лектирата за прво одделение

Б. С. Б. | Црнобело / фото: freepik.comFacebook

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Мамо, заработи ли во странство доволно пари за да ми купиш ново детство?“ – трогателно писмо кое ќе... „На мои 4 години со тато отидовте во странство за да заработите за мојата иднина...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg