Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Каде се и што прават денес членовите на групата „Магија“?

Јован Јованов е во Канада, Зоки Стаменковски во Сиднеј... Каде се и што прават денес членовите на групата „Магија“?

kade-se-i-shto-pravat-denes-chlenovite-na-grupata-magija-01.jpg

Беше лето 2001-ва година... Се сеќавам кога момците од групата „Магија“ дојдоа и направија концерт во малиот град каде што растев, како дел од нивната голема концертна турнеја.

kade-se-i-shto-pravat-chlenovite-na-grupata-magija-03.jpg

Со музиката која потсетуваше на големите хитови на Backstreet boys и New Kids On The Block, сите тинејџери/ки лудуваа по нив, а сценските настапи со брзи танчарски движења брзо ја освојуваа публиката.

Имавме нивни касети, нивни постери, ги читавме нивните интервјуа...

kade-se-i-shto-pravat-chlenovite-na-grupata-magija-02.jpg

Ех, поминаа 22 години оттогаш. Па, верувам дека многумина, исто како мене се прашуваат каде се и што прават момците од групата „Магија“, која мора да признаете дека своевремено донесе едно вистинско освежување на македонската музичка сцена и по примерот на звучните светски имиња креираa модерна музика која се пушташе во сите дискотеки и клубови?

kade-se-i-shto-pravat-chlenovite-na-grupata-magija-04.jpg

„Магија“ , „ДЈ“, „Светло се гасне“, „Помислувам на тебе“, „Низ оган да минувам“, „Кажи ми“... Ова се само некои од нивните големи хитови.

Групата „Магија“ беше составена од Јован Јованов, Дамјан Лазаров, Зоран Стаменковски и Дони Марџиев.

kade-se-i-shto-pravat-chlenovite-na-grupata-magija-08.jpg

Групата постоеше од февруари 1998-ма до септември 2001-ва. Основач на групата и автор на песните беше Јован Јованов.

Да погледнеме, како изгледаат денес членовите на групата:

Јован Јованов

За Јован Јованов не треба премногу да се зборува. По распаѓањето на групата, тој продолжи да ја гради својата успешна музичка кариера и да пишува голем број хитови.

Во 2014-та година, Јован со семејството одлучи да си замине од Македонија и се пресели во Канада, каде продолжи да се занимава со музика, а досега повеќепати бил номиниран за најдобар музички продуцент од страна на Hollywood Music in Media.

kade-se-i-shto-pravat-chlenovite-na-grupata-magija-05_copy.jpg

Дамјан Лазаров

Слично како Јован Јованов и Дамјан Лазаров продолжи да се занимава со создавање музика. Но, по распаѓањето на групата Дамјан избра да остане подалеку од сцената и да работи на нови музички проекти во заднина.

Тој беше автор на музиката и аранжманот на песната на Ѓоко Таневски од 2019-та година, „Тој што во срце те носи“.

Дони Марџиев

Според објавите на социјалните мрежи, Дони Марџиев денес живее во Скопје со семејството, но не се занимава со музика.

Како што може да се види од фотките, одреден период живеел во Холандија, по што повторно се вратил дома.

kade-se-i-shto-pravat-chlenovite-na-grupata-magija-06.jpg

Зоран Стаменковски

По распаѓањето на групата „Магија“ Зоран ја продолжи соработката со Јован Јованов, а во 2006-тата година тој ја испеа песната „Сè на свое место“, која го освои третото место на „Макфест“.

Зоки денес живее и работи во Сиднеј со сопругата, каде редовно настапува во барови и локали.

kade-se-i-shto-pravat-chlenovite-na-grupata-magija-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јован Јованов и дел од естрадата: Како звучи „Магија“ кога ја пеат нашите ѕвезди? (видео) Кога македонската естрада ќе го запее рефренот на хитот „Магија“ тоа звучи супер...
8 работи кои некогаш беа хит, а денес се застарени Некогаш рецепти баравме во тетратките на баба, денес ги пребаруваме преку интерн...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...
Лара Иванова за CRNOBELO лексикон: „Како дете си ја расеков брадата - лузната ја имам и денес“ „Во градинка бев заљубена во еден Мартин, но сега не знам каде е ниту што прави“...
Иван Јованов за CRNOBELO лексикон: „Им ја извадив вратата на комшиите кои не сакаа да ми ја вратат т... „Бев одличен до осмо, ама во средно почнав да забушавам, но од тогаш и заработув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg