Дедо ми од Битола ми остави кутија со златен часовник и заедничка фотографија со баба ми и ни одржа убава лекција

„Кога ја отворив кутијата на дедо ми, најпрво што видов беше неговиот џебен часовник, кој сè уште работеше. Го оставил за да нè потсети дека во животот нема потреба од брзање, сè што е наменето за тебе, ќе дојде во вистинското време. Тоа беше скап часовник со позлатено ремче, го остави и за да ни каже дека непотребна е љубовта кон материјалните работи во животот, бидејќи ништо од тоа не можеш да земеш со тебе на оној свет...“

mojot-dedo-ni-ostavi-vremenska-kapsula-za-da-se-sekavame-na-nego-rabotite-vo-nea-ne-naucija-na-zivotna-lekcija-01.jpg

Беше лето, кога одлучивме да одиме во одморалиштето каде што живееја моите баба и дедо. Но, тој ден ќе го паметам вечно, бидејќи навистина ни го промени животот засекогаш.

Пронајдов една специјална кутија направена од костеново дрво, складирана на тајна локација во одморалиштето. Изгледаше навистина посебно, со орнаменти кои беа изрезбани на неа. Временска капсула којашто мојот дедо ја оставил за да се сеќаваме на него.

На неа беше оставен и клучот за да ја отвориме кутијата, на кој беа изрезбани буквите од името на мојот дедо, а до нив и еден посебен датум.

Кога ја отворив кутијата, најпрво што видов беше неговиот џебен часовник, кој сè уште работеше. Го оставил за да нè потсети дека во животот нема потреба од брзање, сè што е наменето за тебе, ќе дојде во вистинското време.

Тоа беше скап часовник со позлатено ремче, го остави за да ни каже дека непотребна е љубовта кон материјалните и скапите работи во животот, бидејќи ништо од тоа не можеш да земеш со тебе на оној свет. Си дошол без ништо, така и ќе си одиш.

mojot-dedo-ni-ostavi-vremenska-kapsula-za-da-se-sekavame-na-nego-rabotite-vo-nea-ne-naucija-na-zivotna-lekcija-02.jpg

Во временската капсула се наоѓаше рецептот за лебот којшто мојот дедо го правеше како млад. Растел навистина сиромашно и морал да бара начини за да преживее, па така правејќи леб успеал да заработи пари и да се школува.

Со овој рецепт сакаше да ни каже дека можностите не се случуваат, туку ти ги креираш. Мора да работиш напорно за еден ден да си кажеш успеав. Го креирав животот од моите соништа.

mojot-dedo-ni-ostavi-vremenska-kapsula-za-da-se-sekavame-na-nego-rabotite-vo-nea-ne-naucija-na-zivotna-lekcija-03.jpg

Таму се наоѓаше и една песна. Мојот дедо ја напишал за мојата сестра која уште од малечка обожаваше да пее. Ќе застанеше на средината од собата и ќе почнеше да пее, а ние останатите ѝ се смеевме на нејзините лудории.

Но, еве некој верувал во нејзиниот талент. Мојата сестра сега има своја песна којашто треба да ја сними кога ќе наполни осуманесет години.

Луѓето нема да веруваат во вас, но вие работете напорно на себеси, за да им го докажете спротивното.

mojot-dedo-ni-ostavi-vremenska-kapsula-za-da-se-sekavame-na-nego-rabotite-vo-nea-ne-naucija-na-zivotna-lekcija-4.jpg

Во кутијата беше и свадбената фотографија на моите баба и дедо. Тоа беше доказот на љубовта која никогаш не престанала.

Со тоа сакаше да ни каже дека правата личност во животот сигурно некаде нè чека. Затоа сакајте и не престанувајте да верувате во љубовта.

Внатре беа оставени шпилот карти со кој тој најчесто играше во слободното време, неговата кутија со тутун и последниот утрински весник којшто го прочитал.

Оваа временска капсула мојот дедо ја оставил како подарок за да се сеќаваме на него.

Животот е исто подарок кој ни вели да се разбудиме и да сфатиме дека сме добитници на тој подарок.

mojot-dedo-ni-ostavi-vremenska-kapsula-za-da-se-sekavame-na-nego-rabotite-vo-nea-ne-naucija-na-zivotna-lekcija-05.jpg

Па според тоа подарокот од дедо ми имаше јасна цел.

Најдобрите нешта во животот се луѓето којшто ги сакаш, местата на којшто си бил и моментите којшто си ги доживеал.

Па затоа живеј го животот вистински, уживај во секој негов момент и сеќавај се на делата на твоите сакани, бидејќи единствено тие живеат вечно.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобелo / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Мојата најдобра другарка мисли дека сум ѝ дадилка - веќе не сакам да ѝ го чувам бебето“ „Никој од нејзиното семејство, па ни нејзината мајка, не сака да ѝ помогне зашто...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
До сите родители кои треба да им ја кажат вистината за Дедо Мраз на своите деца „Дедо Мраз постои, но тој не е старец со брада и црвен костим. Тоа е само нешто ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg