Твитал додека го апселе
Основачот на сервисот Twitpic, Ноа Еверет, поставувал пораки на Twitter и Twitpic во моментот додека го апселе. На Twitter го следат речиси 3 милиони луѓе...
...кои имале можност да ја видат фотографијата која тој ја направил за време на своето апсење и тоа од полицискиот автомобил.
- Изгледа дека не можете да одите полуголи по својата улица...кој би рекол. Добив и бесплатен превоз до дома од љубезни полицајци - напишал нешто подоцна и во следниот твит додал – „под полугол мислам гол“.
Инаку, деновиве Twitter е во центарот на вниманието и заради информацијата дека еден од основачите на компанијата Ајзак Стоун најави дека ќе се повлече.
Својата работа ја препушта на другите од тимот, иако и понатаму ќе помага, од сега своето време ќе го посвети на други проекти поврзани со училиштата и непрофитните организации.