Успешни Македонци низ светот: Драган Гелев е наш уметник во Швајцарија

Драган Гелев од Штип речиси две децении живее и работи во Швајцарија, а неговите дела се продаваат во некои од најпознатите галерии во Лондон, Берлин и Базел. Имал своја изложба и во Чикаго. Светски, а наш!

uspeshni-makedonci-niz-svetot-dragan-gelev-e-nash-umetnik-vo-shvajcarija-ima-izlozhbi-bil-proglasen-za-umetnik-na-mesecot-01.jpg

Драган Гелев од Штип веќе 18 години живее и работи во Швајцарија, а се занимава со уметност повеќе од 20 години.

По завршувањето на средно гимназиско образование трипати се обидел да се запише на Факултет за Драмски Уметности, но неуспешно и се запишал на Педагошкиот факултет во Скопје.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-dragan-gelev-e-nash-umetnik-vo-shvajcarija-ima-izlozhbi-bil-proglasen-za-umetnik-na-mesecot-07.jpg

Неговите уметнички дела се имаат продавано во некои од најпознатите европски галерии, како Makowski Gallery (Берлин), Arts Market Gallery (Лондон), Saati Gallery (Лондон) и многу други.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-dragan-gelev-e-nash-umetnik-vo-shvajcarija-ima-izlozhbi-bil-proglasen-za-umetnik-na-mesecot-04.JPG

Член е на Здружението на ликовни уметници ‘Урош Предиќ’ од Србија, кое има 30-годишна традиција во Швајцарија, и е единствен член кој не е Србин, односно е единствен Македонец.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-dragan-gelev-e-nash-umetnik-vo-shvajcarija-ima-izlozhbi-bil-proglasen-za-umetnik-na-mesecot-03.JPG

Заедно со другите членови постојано е присутен со свои дела на групни изложби.

Учествувал на многу групни изложби во Базел, Цирих, Вупертал (Германија), Скопје, Штип итн.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-dragan-gelev-e-nash-umetnik-vo-shvajcarija-ima-izlozhbi-bil-proglasen-za-umetnik-na-mesecot-05.JPG

Во Швајцарија е прогласен за уметник на месецот од најчитаниот весник Nau (електронската верзија е Nau.ch).

Зад себе има и самостојни изложби во родниот Штип, каде го отвори Штипското културно лето во 2023 година, во Скопје и Чикаго и, за CRNOBELO.com, вели дека најубавиот дел за него е што сите тие изложби биле со хуманитарен карактер.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-dragan-gelev-e-nash-umetnik-vo-shvajcarija-ima-izlozhbi-bil-proglasen-za-umetnik-na-mesecot-02.JPG

Следни изложби се планирани во ноември во Базел, декември во Мајнц, а за 2025 година се во подготовки три самостојни изложби во Њујорк, Париз и Торонто.

За CRNOBELO.com Драган вели:

„За мене уметноста е светлина без која човештвото би било во мрак. Нема уметност без искрена емоција и само она што од душата ќе се прелее дали  на платно, филм или пишан збор, има длабока и вечна вредност“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Успешни Македонци низ светот: Марија (29) од Скопје е сопственичка на салон за нокти во Ротердам  „Холанѓанките се негувани и вежбаат сите од 7 до 77 години. Сите прават но...
Успешни Македонци низ светот: Руки Чуки oд Скопје нацрта мурал на трговски центар во Лондон „Како студент на Ликовната академија во Скопје паметам дека 2007-ма беше годинат...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Никола од Струмица прави ремек-дела од торти: „Имаме направено торта висока 3 метри – ја подготвував... „Еднаш правевме голема свадбена торта за во Струга и при транспорт, се оштети де...
Влатко Тасевски, сликар: „Црпам инспирација од секојдневниот живот, претпочитам да сликам навечер“ „Долго време, моите уметнички определби беа скриени како хоби. Луѓето, навикнати...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg