Џеј Зи е најбогат - Кои 10 музичари се со најголема заработка во кариерата?
- Детали
- недела, 30 јуни 2024
Џон Кори Картер, најпознат како Џеј Зи, е најбогатиот музичар во светот, надминувајќи ги другите за речиси една милијарда долари. Кои други славни музичари се наоѓаат на оваа листа?
Музиката е важен дел од секојдневниот живот, ни помага да го подобриме расположението и честопати нè смирува во тешките времиња. Некои од музичарите се навистина успешни поради нивната напорна работа, знаат како да ја привлечат публиката преку песните и да се поврзат со своите обожаватели.
Добрите песни носат распродадени концерти, договори со спонзори, а со тоа и повеќе финансии.
Колку пари имаат музичарите кои, всушност, заработуваат најмногу?
Мадона
Седумкратната добитничка на Греми, во својата кариера е номинирана за 817 награди, а има освоено 430 награди.
Огромен дел од нејзиното богатство доаѓа од нејзините турнеи, а нејзиното богатство се проценува на околу 580 милиони долари.
Боно Вокс
Пол Дејвид Хјусон, попознат како Боно Вокс, е пејач на ирската рок-група U2. Групата има добиено 22 Греми награди, а во текот на долгата кариера продале преку 170 милиони албуми и имале 28 турнеи.
Но, музиката не е единствениот извор на приходи за Боно, бидејќи неговата фирма Elevation Partners поседува 2,3% удел во Фејсбук.
Нето приходот на Боно се проценува на околу 730 милиони долари.
Бијонсе
Во досегашната кариера Бијонсе е номинирана за 79 награди Греми, а има добиено 28 од нив. Таа е талентирана пејачка, а речиси сите нејзини песни се хитови.
Но, освен што пее, Бијонсе е сопственик на Parkwood Entertainment, а го поседува и Ivy Park, бренд за облека. Таа важи и за генијален бизнис менаџер.
Нејзиното богатство се проценува на околу 800 милиони долари.
Херб Алперт
Трубачот и пејач Херб Алперт, меѓу пошироката публика е најпознат по хитот This Guy’s in Love With You. Тој има добиено 9 Греми награди, а продаде 72 милиони албуми со неговата музика.
Нето вредноста на неговиот приход е проценета на околу 850 милиони долари.
Џими Бафет
Џими Бафет почина во септември 2023 година, но тој и понатаму има бројни обожаватели, поради што неговото богатствоп расте. Американскиот пејач и текстописец во текот на животот издаде 30 албуми и продаде над 20 милиони албуми.
Со парите од музиката Бафет отворил синџир ресторани, а откако поставил солидна основа во угостителството, го проширил својот бизнис во различни хотели и казина. Бафет пишувал и популарни книги, што дополнително го зголемило неговото богатство.
Неговиот нето-приход, проценет во моментот на неговата смрт, изнесува околу 1 милијарда долари.