Пи Диди видно вознемирен откако бившата девојка го обвини дека 10 години ја малтретирал + Сите девојки што тврдат дека бил насилен

„Го решивме проблемот на пријателски начин“ – тврди поранешната девојка на Пи Диди, Кеси, откако претходно изнесе шокантни обвинувања дека тој 10 години ја малтретирал и тврдеше дека нема да прифати пари, а целта ѝ е да се дознае вистината. Како изгледа раперот откако беше обелоденето како ги третира своите девојки?

pi-didi-vidno-voznemiren-otkako-bivshata-devojka-go-obvini-deka-10-godini-ja-maltretiral-site-devojki-shto-tvrdat-deka-bil-nasilen-01.jpg

Американскиот рапер Шон Комбс (54), попознат како Пи Диди, беше фотографиран видно вознемирен само неколку дена откако постигна вонпарничен договор со неговата поранешна девојка Касандра Вентура (37), попозната како Кеси.

pi-didi-vidno-voznemiren-otkako-bivshata-devojka-go-obvini-deka-10-godini-ja-maltretiral-site-devojki-shto-tvrdat-deka-bil-nasilen-02.jpg

Претходно Кеси поднесе тужба во која изнесе шокантни тврдења за музичкиот продуцент и рапер, тврдејќи дека во 10-те години додека била во врска со него, тој ја малтретирал и физички и психички, ја дрогирал и барал од неа да има секс со машки проститутки, додека тој и неговите пријатели мастурбиралe и ја снимале.

„Решивме овој проблем да го решиме на пријателски начин. На Кеси и на нејзиното семејство им го посакувам најдоброто со многу љубов“ – напиша Пи Диди во својата официјална изјава до медиумите.

pi-didi-vidno-voznemiren-otkako-bivshata-devojka-go-obvini-deka-10-godini-ja-maltretiral-site-devojki-shto-tvrdat-deka-bil-nasilen-03.jpg

Кеси, иако претходно тврдеше дека неколку месеци наназад Пи Диди ѝ нудел пари за да не ја обелодени вистината, прифатила да го реши спорот во вонпарнична постапка, а не се знае колку точно пари ѝ биле понудени за нанесената штета.

„Морав да го решам овој проблем на пријателски начин за да успеам да ја задржам контролата во свои раце. Сакам да му се заблагодарам на семејството, обожавателите и адвокатите за поддршката“ – рече таа во изјава за CNN.

pi-didi-vidno-voznemiren-otkako-bivshata-devojka-go-obvini-deka-10-godini-ja-maltretiral-site-devojki-shto-tvrdat-deka-bil-nasilen-07.jpg

На фотографиите објавени во Page Six, Пи Диди е видно вознемирен, заедно со менаџерката на неговиот тим Кристина Корам. 

Раперот се држи за глава, разговара на телефон и забележан е како седи на каучот во неговиот дом со загрижен израз на лицето.

pi-didi-vidno-voznemiren-otkako-bivshata-devojka-go-obvini-deka-10-godini-ja-maltretiral-site-devojki-shto-tvrdat-deka-bil-nasilen-05.jpg

pi-didi-vidno-voznemiren-otkako-bivshata-devojka-go-obvini-deka-10-godini-ja-maltretiral-site-devojki-shto-tvrdat-deka-bil-nasilen-06.jpg

Инаку, ова не е првпат Пи Диди да се соочи со сериозни обвинувања. Кимора Ли Симонс и неговата претходна девојка Џина Хајн го обвинија за насилство, а една пејачка тврди дека ја избркал откако не ги прифатила неговите услови, што не биле поврзани со нејзиниот талент.

Кимора Ли Симонс во 2004-тата година тврдеше дека додека таа била бремена, тие двајца имале вербална расправија, по што раперот ѝ се заканил дека ќе ја удри.

Пи Диди овој проблем го решил така што во јавност клекнал на колена и ја молел да му прости.

pi-didi-vidno-voznemiren-otkako-bivshata-devojka-go-obvini-deka-10-godini-ja-maltretiral-site-devojki-shto-tvrdat-deka-bil-nasilen-10.jpg

Џина Хајн и Пи Диди беа во врска пет години, а таа тврдеше дека во одреден период од врската тој бил насилен кон неа.

„Со ногата ме удираше по стомакот и останав без воздух. Не можев да дишам, па продолжи да ме удира. Го молев да престане.

Тој ме малтретираше ментално, емотивно и физички. Секогаш ме споредуваше со Кеси и велеше дека јас сум лоша, таа е добрата“ – појасни таа.

pi-didi-vidno-voznemiren-otkako-bivshata-devojka-go-obvini-deka-10-godini-ja-maltretiral-site-devojki-shto-tvrdat-deka-bil-nasilen-10_2.jpg

Пејачката Обри О’Деј која беше избркана од продуцентката куќа на Пи Диди, Bad Boy Records, во 2019-та година рече дека не била избркана заради талентот, туку затоа што не сакала да прифати да го прави тоа што се очекувало од неа.

pi-didi-vidno-voznemiren-otkako-bivshata-devojka-go-obvini-deka-10-godini-ja-maltretiral-site-devojki-shto-tvrdat-deka-bil-nasilen-11.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Син му е обвинет за силување девојка со негова помош – Кои се 7-те деца на Пи Диди кои ги има од 4 ж... Едниот од синовите на Пи Диди, Кристијан, беше забележан во ноќен клуб само два ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg