„10 години ме тепаше и ме снимаше додека имам секс со други мажи“: Бившата на Пи Диди со скандалозни обвиненија
- Детали
- петок, 17 ноември 2023
„Ми рече дека му се допаѓа кога ме гледа како имам секс со други мажи“ – тврди девојката која 10 години беше во врска со Пи Диди. Таа открива шокантни детали за нивната врска и вели дека цели 10 години била жртва на насилство, сексуална злоупотреба и присилно дрогирање.
Поранешниот дечко на Џеј Ло, раперот Пи Диди (54) се соочува со тужба од страна на девојката со која цели 10 години беше во врска.
Во 2005-та година, 4 години по раскинувањето со Џеј Ло, Пи Диди ја запознал тогаш 19-годишната пејачка Кеси со која беше во врска сѐ до 2018-та година.
Сега, речиси 5 години по раскинувањето, Кеси (37) поднесе тужба против својот поранешен дечко и тврди дека при крајот на врската, тој насилно влегол во нејзиниот дом и ја силувал.
„По долги години молк и темнина, подготвена сум конечно да ја раскажам мојата приказна и да зборувам во свое и во името на жените што трпат насилство и злоупотреба во врските“ – стои во тужбата.
Кеси, чие вистинско име е Касандра Вентура, тврди дека раперот ја терал да има секс со машки проститутки во разни хотели и во неговиот дом, за да ги исполни своите сексуални фантазии за воајеризам.
Вели дека често се случувало таа да има секс со повеќе мажи кои биле маскирани, додека Диди и неговите пријатели ја гледале, мастурбирале и ја снимале.
За време на ваквите ужасни средби, како што ги нарекува, Диди ѝ давал опојни супстанци со цел да ѝ помогне да се „исклучи“, а по негова препорака и таа и мажите требало целосно да бидат премачкани со лубриканти.
Што се однесува до изборот на проститутки, Пи Диди барал сите тие да бидат со афроамериканско потекло.
Кеси тврди дека сѐ започнало уште на почетокот на нивната врска, кога тој ѝ донел машка проститутка во неговиот дом во Лос Анџелес и ѝ рекол дека многу му се допаѓа да ја гледа како има секс со други мажи.
„Тој мастурбирал додека ги терал девојката и мажот да прават одредени интимни работи. Целата средба траела неколку дена“ – се вели во тужбата.
Кеси тврди дека Пи Диди за првпат бил насилен кон неа во 2016-та година, кога ѝ удрил бокс во лицето и ѝ направил модринка. По ова, таа се обидела да побегне додека спиел, но тој се разбудил и по неа фрлал со стаклени вазни.
Кеси успеала да побегне, но се вратила од страв да не го налути уште повеќе.
Со оглед на тоа што тој двапати од неа барал да го носи неговиот пиштол во чантата, често ѝ давал сосила опојни супстанци и таа била сведок на темната страна на неговиот бизнис, пејачката тврди дека со години ѝ било страв да побара помош затоа што се плашела од неговата одмазда.
Адвокатите на Пи Диди велат дека обвинението следува откако Кеси неколку месеци го уценувала и барала од него да ѝ даде 30 милиони долари за да не ја каже вистината.
На ова, адвокатот на Кеси вели дека Пи Диди ѝ нудел осумцифрен износ за да молчи, но таа не прифатила.
Б. С. Б. | Црнобело