Викторија Јаначковиќ: „Ќерка ми ја родив на 41 година, а да се биде самохрана мајка значи да се биде жена-борец“

„Kога се роди Никита, знаев да кажам: ‘Леле што не родив на 22 години вакво дете’ и потоа знаејќи дека немаше Никита да биде ваква ако ја родев на 22, веднаш се тргам од таа мисла. Освен болка во кичмата, не гледам други недостатоци кога жена раѓа дете повозрасна...“, вели Викторија Јаначковиќ (43) за CRNOBELO.com.

viktorija-janachkovikj-kjerka-mi-ja-rodiv-na-41-godina-a-da-se-bide-samohrana-majka-znachi-da-se-bide-zhena-borec-01.jpg

Викторија Јаначковиќ (43) родена е во Ниш, а веќе 20 години Скопје ѝ е дом. Тука дипломирала стоматологија и магистрирала на Правен факултет, отсек воена дипломатија.

Долги години работеше како модел.

Сега, нејзиниот главен фокус е нејзината ќерка Никита и вели дека да се биде самохрана мајка, значи да се биде жена-борец, но дека мајчинството е најдоброто нешто што ѝ се случило во животот.

За CRNOBELO.com таа говори за оваа нејзина улога:

„Никита ја родив на 41 година и по моите видувања да се стане родител на оваа возраст има свои предности и мани.

viktorija-janachkovikj-kjerka-mi-ja-rodiv-na-41-godina-a-da-se-bide-samohrana-majka-znachi-da-se-bide-zhena-borec-04.jpg

Честопати, на почеток, знаев да кажам: ‘Леле што не родив на 22 години вакво дете’ и потоа знаејќи дека немаше Никита да биде ваква ако ја родев на 22, веднаш се тргам од таа мисла.

viktorija-janachkovikj-kjerka-mi-ja-rodiv-na-41-godina-a-da-se-bide-samohrana-majka-znachi-da-se-bide-zhena-borec-08.jpg

Кога гледам млади мајки ми изгледа супер, но емоциите на таа возраст се сосема поинакви. Сметам дека тогаш растеш ти, паралелно со растењето на детето.

Некако си растргнат – дали ти да се градиш како личност и образуваш или да ‘нишкаш’ и растеш дете.

viktorija-janachkovikj-kjerka-mi-ja-rodiv-na-41-godina-a-da-se-bide-samohrana-majka-znachi-da-se-bide-zhena-borec-10.jpg

Освен болка во кичмата, не гледам други недостатоци кога жена раѓа дете повозрасна. И тие од 22 и 28, а и ние од 43 сме мајки. Сакаме сè најдобро за нашите деца.

viktorija-janachkovikj-kjerka-mi-ja-rodiv-na-41-godina-a-da-se-bide-samohrana-majka-znachi-da-se-bide-zhena-borec-03.jpg

Да не беше мајка ми и мојата најдобра другарка, мислам дека сè потешко би одело и навистина сум им благодарна за тоа.

Самохрана мајка е жена-борец, но не и патетична. Јас никогаш кај никого не сум предизвикала сожалување, затоа што едноставно немам таков став.

viktorija-janachkovikj-kjerka-mi-ja-rodiv-na-41-godina-a-da-se-bide-samohrana-majka-znachi-da-se-bide-zhena-borec-05.jpg

И, нормално, има моменти кога е тешко, ама недостига маж само за носење ќеси (ха-ха).

Самохрана мајка сум, но не сум осамена затоа што ја имам неа. Поентата на животот ми е таа, а не маж.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Дизајнерката Ивана Кнез со емотивна објава за мајка ѝ: „И кога работеше во погон, беше дотерана – не... „Не е ниту до работното место ниту до финансиите, до волјата и желбата за живот ...
CRNOBELO анкета: Кои се најважните жени во животот на успешните Македонци? „Би ѝ се заблагодарил на мојата сопруга којашто ме поддржува во сѐ ова што го пр...
Мајка и ќерка од Македонија позираат во стилот на Бијонсе – со бикини, каубојски шешири и чизми (фот... Облечени во црни бикини, со каубојски шешири и чизми, д-р Нена од Неготино и ќер...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Денес е Вера, Надеж и Љубов – Што треба да направат сите што имаат ќерки? Ако имате ќерка денес треба да ѝ покажете колку ја сакате. Се слави празникот „В...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg