Сестри близначки од Македонија со впечатлив изглед - диџејско дуо што го освојува светот
- Детали
- петок, 08 ноември 2024
Впечатливи и енергични, сестрите близначки Патриција и Андреа се вљубенички во електронската музика и настапуваат ширум клубовите во регионот.
Патриција и Андреа се сестри близначки од Македонија познати како „The Geors“ (Д Георс).
Тие настапуваат како диџејско дуо како во Македонија, така и низ земјите ширум Европа.
Претходно сестрите биле вљубенички во свирењето пијано.
Имаат настапувано и на големи настани како фестивали на Ибица, Егзит и што уште не, и тоа со ѕвезди од рангот на Дејвид Гета.
Најчесто настапуваат во клубови во Грција и Албанија, но имале и гостувања во Шпанија и Велика Британија.
Со нив направи интервју и порталот за електронска музика „MelodicDancers“.
За љубовта кон музиката во ова интервју, тие велат:
„Како мали девојчиња, бевме полни со љубов кон пијаното и пеењето и имавме изведби во живо.
Но, како растевме така растеше и нашата љубов и ентузијазам кон музиката, но со доза на адреналин и диџејството ни стана нов предизвик.
Имавме многу предизвици на почетокот, но работевме напорно и посветено и со текот на времето имавме помалку грижи, а повеќе можности.
Нашата тајна е енергијата која ја вложуваме и со која креираме магија.
Како диџејско дуо верувам дека Вие ја имате енергијата, Вие ја имате ноќта, Вие давате љубов, Вие примате љубов и тоа е еден круг“.