Импресивен настап на Дац и Александар на Златна Бубамара ’24 – Заслужено добија награда за „Дуо на годината“
- Детали
- петок, 23 февруари 2024
„Ова дуо ќе продолжи да носи љубов насекаде со нашиот познат љубовен пасош“, велат Дац и Александар откако ја добија наградата за дуо на годината на овогодишното издание на Златна Бубамара.
На синоќешното издание на Златна Бубамара, Дац и Александар заслужено ја добија наградата „Дуо на годината“.
Притоа, тие ја почестија публиката со изведба на нивниот последен хит – „Воли ме сакај ме“ – заедно со Билјана Ѓошева, оркестарот на Бубамара, како и солистите Владимир Крстев на виолина и Ташко Грујовски на гитара.
Дац и Александар носеа специјално насликани сакоа од уметницата Симона Јовчевска кои беа украсени со илустрации од пијано, вино, гитара и стиховите на песната.
Притоа, на видео ѕидот на сцената се емитуваше специјално подготвено арт видео со уметнички слики од приказната за песната создадени со помош на вештачка интелигенција.
Наградата им ја додели Мариана Станојковска, а Дац и Александар гордо и радосно велат:
„Ова дуо ќе продолжи да носи љубов насекаде со нашиот познат љубовен пасош“.
фото: Слободан Ѓуриќ и Стефан Рајхл