„Заљубена“ - Анѓелка Прпиќ, која тајно се омажи за најдобриот другар на нејзиниот бивши, се бакнува со него во Италија
- Детали
- петок, 10 јануари 2025
Актерката која се криеше од јавноста по скандалот, сега на голема врата покажува колку е вљубена. Разменува нежности со вториот сопруг на улица во Италија.
Актерката Анѓелка Прпиќ некогаш, а денес Анѓелка Стевиќ Жугиќ, која во 2023 година се омажи за Марко Жугиќ, сега ужива во Италија на романтично патување со него.
Парот кој се трудеше да се сокрие од будното медиумско око, сега ужива јавно во љубовта.
Инаку, Марко беше најдобар пријател на нејзиниот поранешен сопруг и токму затоа парот е постојано во фокусот на интересот.
Актерката во описот на албумот со фотографии од Италија напиша: „Заљубена“.
Од првиот брак Анѓелка има син, а во вториот брак со Марко добија ќерка.
Повеќе фотографии од парот во Италија:
Прочитајте и Анѓелка Прпиќ, која тајно се омажи за најдобриот другар на нејзиниот бивши, сподели фотки од семејната идила
С. С. | Црнобело