Анѓелка Прпиќ, која тајно се омажи за најдобриот другар на нејзиниот бивши, сподели фотки од семејната идила
- Детали
- вторник, 12 ноември 2024
Српската актерка беше нападната дека започнала афера со некој што е толку близок на нејзиниот некогашен сопруг, но со него Анѓелка ја пронајде својата среќа и конечно објави како изгледа нивната семејна идила.
Српската актерка Анѓелка Прпиќ некогаш, а денес Анѓелка Стевиќ Жугиќ, која во 2023 година се омажи за Марко Жугиќ, најдобар пријател на нејзиниот поранешен сопруг, не споделува многу детали од секојдневието со него на Инстаграм.
Но, денес (12.11) таа сподели фотографии од семејно патување со Марко, нивната ќерка Чарна, како и нејзиниот син Јакша од првиот брак со Дарио Прпиќ.
Инаку, свадбата на Анѓелка и Марко се случи на 8 септември 2023, 4 месеци по раѓањето на нивната ќерка.
Парот се најде среде скандал на почетокот од таа година, кога медиумите дознаа дека актерката е бремена, а дека татко на бебето е најдобриот другар на нејзиниот поранешен сопруг.
Во Србија потоа се коментираше дека не е во ред што таа почнала афера со некој што е толку близок на нејзиниот некогашен сопруг, а актерката се повлече од јавноста и скоро и да не објавуваше фотографии во тој период.
Сега, Анѓелка слободно споделува дека ужива во семејната идила и дека со овој маж ја пронашла својата среќа.
Фотографии од нивното патување во Црна Гора:
С. С. | Црнобело