Прва заедничка фотка на Анѓелка Прпиќ со новиот дечко – по ненадејната бременост парот планира да се венча во тајност

Се појави првата заедничка фотографија на Анѓелка Прпиќ со пријателот на нејзиниот сопруг со кого чека дете. Актерката е насмеана и расположена, но повторно најде начин како да го скрие стомакот и да не се забележува дали навистина е бремена.

prva-zaednichka-fotka-na-angjelka-prpikj-so-noviot-dechko-po-nenadejnata-bremenost-parot-planira-da-se-vencha-vo-tajnost-01.jpg

Српската актерка Анѓелка Прпиќ (38) деновиве е топ тема во балканските медиуми откако се дозна дека е бремена од најдобриот пријател на нејзиниот сопруг Марко Жугиќ, а на социјалните мрежи е објавена нивната прва заедничка фотографија од која може да се забележи дека тој одлично се вклопува во нејзиното друштво.

prva-zaednichka-fotka-na-angjelka-prpikj-so-noviot-dechko-po-nenadejnata-bremenost-parot-planira-da-se-vencha-vo-tajnost-04.jpg

Сопругата на српскиот актер Бранислав Трифуновиќ, Тихана Лазовиќ Трифуновиќ објави фотографии од прославата на роденденот на нејзиниот сопруг, а на една од нив може да се забележи дека меѓу присутните е и актерката Анѓелка Прпиќ заедно со нејзиниот нов дечко со кого чека дете.

Анѓелка е видно расположена и насмеана, а ниту на оваа фотографија не може со сигурност да се види дали таа е бремена, затоа што одлучила на половината да го врзе дуксерот и да застане така што ништо не се забележува.

prva-zaednichka-fotka-na-angjelka-prpikj-so-noviot-dechko-po-nenadejnata-bremenost-parot-planira-da-se-vencha-vo-tajnost-03.jpg

Инаку, српските медиуми повикувајќи се на сопствени извори пишуваат дека актерката планира да се венча во тајност со најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг, а со оглед на тоа што не сакаат информациите за свадбата предвреме да бидат објавени во медиумите, тие дури ниту кумот не сакаат да го информираат кога ќе се случи големиот ден.

„Не постојат никакви пречки за Анѓелка повторно да стапи во брак. Таа е законски разведена и слободна жена. Кога дознала дека е бремена таа и Марко се договориле да се венчаат за брзо време и тоа да го направат во тајност затоа што преку глава им е од пишувањата во медиумите, скечевите и шегите на нивна сметка на социјалните мрежи“ – пишуваат српските медиуми.

Според изворите, на Марко многу му пречело тоа што Анѓелка сѐ уште го носи презимето на поранешниот сопруг Дарио.

Дарио, пак, во изминатиот период даде повеќе гневни изјави за медиумите во кои ја обвини поранешната сопруга дека нејзе ништо не ѝ е свето затоа што го прекршила непишаното правило и имала афера со неговиот најдобар пријател.

Прочитајте и „Ако треба ќе им бидам кум“ - поранешниот сопруг на Анѓелка Прпиќ за нејзината бременост со неговиот најдобар пријател

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бејби бум: 6 познати жени кај нас и во регионот кои ќе станат мајки во 2024 Сања Кужет, Тамара Чуприна, Хана Хуљиќ ќе станат мајки до крајот на оваа година....
Актерката од „Зона Замфирова“ нападната на паркинг – жена ја влечела за коса и ја извадила од автомо... Наводно актерката излегувајќи од паркинг со предниот дел од возилото ја удрила ж...
Анѓелка Прпиќ, која тајно се омажи за најдобриот другар на нејзиниот бивши, сподели фотки од семејна... Српската актерка беше нападната дека започнала афера со некој што е толку близок...
„Зошто сум јас распуштеница?“ – Анѓелка Прпиќ за првпат ги прокоментира озборувањата за нејзиниот ра... „Зошто јас сум распуштеница, а разведениот маж не е ‘расупштенко’, туку зрел чов...
Мајката на хрватскиот Кен, Марко Грубниќ, прослави 65-ти роденден – двајцата порцелански, како „преп... Таа во гламурозен фустан со огромен букет, позира со синот во Versace кошула, а ...
Огромни маскоти како лав и жирафа, торта со мече – Бајковит прв роденден на синот на Марија Микиќ Српската пејачка Марија Микиќ со второто дете остана бремена само еден месец по ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg