„Ако треба ќе им бидам кум“ - поранешниот сопруг на Анѓелка Прпиќ за нејзината бременост со неговиот најдобар пријател
- Детали
- вторник, 27 декември 2022
„Јас и Анѓелка го викавме ’куме’ затоа што требаше јас да му бидам кум на свадбата во 2019-та година. Ако треба и сега ќе им бидам кум на свадбата“ – вели поранешниот сопруг на Анѓелка Прпиќ, Дарио за вестите дека таа е бремена од неговиот најдобар пријател.
Српската актерка Анѓелка Прпиќ (38) е топ-тема во српските медиуми откако беше објавена веста дека таа наводно е бремена по вторпат, но овојпат од најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг, со кого имала афера.
Додека актерката најпозната по улогата во серијата „Андрија и Анѓелка“ молчи и не дава изјави за медиумите поврзани со скандалот, нејзиниот поранешен сопруг одлучи да стави крај на некои шпекулации и да појасни што е точно, а што не е во целата приказна.
Прочитајте и Гласини дека Анѓелка Прпиќ е бремена од најдобриот пријател на сопругот, откако тој ја изневери со Ава Карабатиќ: „Со месеци ја криеја врската“
Дарио Прпиќ беше во брак со Анѓелка околу 9 години и заедно добија син, а според српските медиуми тој до неодамна и не знаел дека неговата поранешна сопруга е во врска со неговиот најдобар пријател.
„Имаше многу приказни, но и голем број неточни информации. Еве, првпат со вас разговарам на оваа тема. Зад иницијалите М.Ж. стои Марко Жугиќ, кој не ми бил кум на свадбата. Точно е дека тој ми беше најдобар пријател, но не ми беше кум.
Ниту Марко, ниту Анѓелка досега не ме известиле што се случува, за сè дознав од медиумите. Им посакувам многу среќа, нека се живи и здрави и ако треба јас ќе им бидам кум на свадбата.
Еве, баш сега во овој момент, се наоѓам во еден трговски центар и купувам подарок за нивното бебе“ –вели Дарио за Rеpublika.rs и додава дека тој и Марко биле другари уште од училишните денови.
Дарио откри дека тие меѓусебно се викале „куме“, затоа што Дарио и Анѓелка требало да му бидат кумови на Марко кој имал закажана свадба во 2019-та година во ресторанот на поранешниот сопруг на актерката.
Но, ресторанот прво бил затворен од противпожарна инспекција, а потоа следувала короната и Марко не стапил во брак со својата вереница, туку раскинал со неа пред 2 години, односно во истиот период кога Анѓелка и Дарио се разведоа.
Б. С. Б. | Црнобело