Гласини дека Анѓелка Прпиќ е бремена од најдобриот пријател на сопругот, откако тој ја изневери со Ава Карабатиќ: „Со месеци ја криеја врската“
- Детали
- понеделник, 26 декември 2022
„Со месеци ја криеле врската од нејзиниот поранешен сопруг, тој не знаел дека Анѓелка е бремена од неговиот најдобар пријател“ – пишуваат деновиве српските медиуми. Актерката Анѓелка Прпиќ од хит серијата „Андрија и Анѓелка“ се најде среде скандал.
Актерката Анѓелка Прпиќ (38) е топ тема во српските медиуми деновиве заради наводната афера со најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг.
Анѓелка на македонската публика ѝ е позната по улогата во хит серијата „Андрија и Анѓелка“, каде играше заедно со Андрија Милошевиќ. Таа во периодот од 2011-та до 2020-тата година беше во брак со Дарио Прпиќ, со кого го доби и синот Јакша.
Наводно Дарио постојано ѝ бил љубоморен на Анѓелка додека ја снимала серијата „Андрија и Анѓелка“ со Андрија Милошевиќ, а причината за разводот била тоа што таа дознала дека тој ја изневерил со хрватската старлета, манекенка и пејачка Ава Карабатиќ.
Сега, две години подоцна српските медиуми пишуваат дека Анѓелка повторно е бремена и тоа од најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг. Актерката и пријателот со месеци ја криеле врската од нејзиниот поранешен сопруг.
Прочитајте и Сопругот ѝ бил љубоморен за улогата со Андрија, ја изневерил со Ава Карабатиќ – Факти за Анѓелка Прпиќ
фото: Инстаграм
Новиот дечко на Анѓелка претходно бил во долга врска со друга девојка, па биле и свршени, но сега ја раскинале свршувачката.
„На Дарио воопшто не му падна на ум дека Анѓелка ќе почне врска со човекот што со години им беше најдобар пријател.
Требаше дури и да му биде кум. Неговиот најдобар пријател со години им доаѓал дома.
Не ни можел да помисли дека тој би можел да има нешто повеќе со неговата поранешна сопруга Анѓелка и дека заради неа ќе ја остави девојката со која беше 11 години во врска“ – пишува српски Kurir повикувајќи се на извори блиски до парот, а според други извори, пак, новиот дечко на Анѓелка веќе им бил кум на свадбата со Дарио.
Неодамна Анѓелка беше гостинка во една емисија на српските телевизии и на прашањето на кого мисли додека слуша убава љубовна песна, таа рече дека станува збор за убав маж, кој има споени веѓи, дека има две очи и две раце, а ги зборува сите јазици.
Засега актерката не ги коментира пишувањата во медиумите, во српските медиуми се најдоа повеќе фотографии на кои се гледа дека нејзиниот нов дечко бил заедно со неа на прославата на нејзиниот 38-ми роденден.
фото: Инстаграм
Б. С. Б. | Црнобело