Сопругот ѝ бил љубоморен за улогата со Андрија, ја изневерил со Ава Карабатиќ – Факти за Анѓелка Прпиќ
- Детали
- сабота, 23 јули 2022
Српската актерка се труди колку може повеќе приватниот живот да го чува подалеку од очите на јавноста, но во последните неколку години беше во фокусот на вниманието заради разводот од сопругот кој ја изневерил со позната хрватската старлета Ава Карабатиќ - факти за Анѓелка Прпиќ.
Српската актерка Анѓелка Прпиќ (37) речиси сите ја препознаваме заради улогата во серијата „Андрија и Анѓелка“, а таа важи за една од најталентираните млади српски актерки.
Благодарение на оваа серија актерката стекна огромна популарност, а самата велеше дека снимањето било мошне занимливо, но и напорно бидејќи речиси сите сцени со нејзиниот колега и добар пријател Андрија Милошевиќ морале да ги повторуваат и по неколкупати затоа што не можеле да се воздржат од смеење.
Сепак, додека успешно ја градела својата кариера, актерката се соочила со голем број проблеми на приватен план, затоа што нејзиниот сопруг тешко ги прифаќал интимните моменти и сцени снимени во филмовите и сериите каде што таа игра.