Го избркаа среде серија затоа што бил „тежок човек“, важи за еден од најзгодните Хрвати – Како изгледа денес Иван Херцег?
- Детали
- понеделник, 01 април 2024
Имаше гласини дека бил избркан од серијата „Чиста љубав“ заради постојани несогласувања со колегите, бившата девојка јавно зборуваше дека таа го финансира...Иван Херцег од серијата „Изборот на Лара“ по 6 години повторно се врати на социјалните мрежи. Како изгледа денес?
Актерот Иван Херцег (42) своевремено се појавуваше во речиси сите попознати хрватски ТВ серии, а на македонската публика ѝ стана најпознат по улогата во серијата „Изборот на Лара“, каде ја толкуваше улогата на Јаков Златар.
Тој важеше за еден од најпривлечните и најзгодните хрватски актери со блескава кариера пред себе, сѐ до 2017-та година, кога беше избркан од снимањето на серијата „Чиста љубав“.
За причините за неговиот отказ се ширеа голем број гласини, а наводно тој имал голем број недоразбирања со колегите и постојано влегувал во конфликти со нив.
„Колегите изјавиле дека со него било мошне тешко да се соработува, а актерот не сакаше да ги коментира причините за напуштањето на серијата“ – пишуваа своевремено српските и хрватските медиуми.
Набрзо по скандалот со отпуштањето од серијата, Иван јавно се расправаше со неговата тогашна 21-годишна девојка, словенечката пејачка Нина Донели.
Таа на Инстаграм го прокоментира нивното раскинување па рече дека „на 21-годишна девојка не ѝ треба партнер од 38 години што ќе го финансира“, на што тој објави фотка од неговиот одмор во Австрија па напиша:
„Никаква личност желна за медиумско внимание со која двапати сум седел на маса и во најголем дел ни требало преведувач за да се разбереме, ниту пак одредени новинари што едвај чекаат да имаат што да пишуваат за неважни работи, нема да ми го расипат овој бајковиден Халштат“.
По ова, Иван одреден период се повлече од јавноста и го затвори својот Инстаграм профил, а сега речиси 6 години по скандалите одлучи повторно да се врати и да објави нови фотографии.
Погледнете како изгледа денес некогашниот заводник од хрватските ТВ сапуници:
Б. С. Б. | Црнобело