Куче-херој го пронајде исчезнатото девојче Дуња (2), по кое трагаше цела Србија
- Детали
- вторник, 04 март 2025
Потрагата по исчезнатата Дуња (2) заврши среќно, откако куче трагач ја најде измрзната, но жива. Оваа приказна го разнежни цел регион и е позитива на денот.
Вчера (03.03) цела Србија се крена на нозе, откако исчезна 2-годишната Дуња Марковиќ од Уб.
Девојчето било излезено со своите постари браќа, но тие се вратиле дома без неа, пренесоа српските медиуми.
Семејството веднаш пријавило во полиција, а бидејќи станува збор за мало дете беше вклучен и амбер алерт - систем за брзо известување на јавноста дека е исчезнато дете.
Камерите во близина на куќата го снимиле исчезнувањето на девојчето.
@vecernjenovosti8 Devojčica Dunja Marković (2) nestala je danas u Ubu. U trenutku nestanka bila je sa starijom braćom, dečaci su prvi i drugi razred. #dunjamarkovic #ub
-->♬ original sound - Vecernjenovosti
Во потрагата по девојчето беа вклучени полицијата, спасувачи, локалното население, а целата јавност бараше информации за неа, но на крајот малата Дуња успеа да ја пронајде куче обучено за пронаоѓање исчезнати лица - Мила.
Мила е куче спасувач на Горската служба за спасување.
Според спасувачите, тие цела ноќ го барале девојчето, и на крајот ја нашле премрзната и настината на околу еден километар од нивниот дом.
Во моментот кога завршиле со пребарување на областа и почнале да се подготвуваат да си заминат, кучето Мила го пронашло девојчето, покрај мал поток.
„Детето имаше многу смрзнатини, беше во тешка состојба, но, за среќа, стигнавме на време и се надеваме дека ќе биде добро“, изјавил припадник на Планинарската спасувачка служба.
Роднините на Дуња, по нејзиното пронаоѓање раскажале дека сите биле на погреб, бидејќи им починал 21-годишен член на семејството.
Во времето кога тие биле излезени, Дуња исчезнала.
„Јас сум ѝ прадедо на Дуња. Мајка ѝ беше со мене на погребот. Кога се вративме разбравме дека ја нема. Ни сега кога е најдена, не ни е јасно како можела да исчезне.
А таму кај што ја најдоа поминавме стопати и никој не ја виде. Детето било во маичка, измрзнала од ладно. Не смеам ни да помислам како се чувствувала, како ѝ е сега“ рекол тој.
Прочитајте и Што претставува системот за исчезнати лица „Амбер алерт“ + грозоморната приказна заради која е создаден
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





